Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“ ВО СЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ЌЕ ТРЕБА ДА ДОНЕСАТ ОДЛУКА – еве што ќе им понуди ОИЛКО
Економија

АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКПЕТРОЛ“ ВО СЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ЌЕ ТРЕБА ДА ДОНЕСАТ ОДЛУКА – еве што ќе им понуди ОИЛКО

21/12/2023

AA

Дали акционерите на „Макпетрол“, и тоа главно домашните физички лица, меѓу
кои голем дел се и вработените од компанијата, добија понуда што не се одбива.

Имено, сите сопственици на обични акции со право на глас на „Макпетрол“
добија понуда од компанијата ОИЛКО, која во моментов е најголем и доминантен
акционер во нашата најголема нафтена компанија, да им бидат откупени нивните
акции, по цена од 67.001 денар за акција.

Според познавачите, станува збор буквално за понуда што не се одбива.

Имено, одобрувањето ОИЛКО да поведе постапка за преземање на овие акции е
една од точките која ќе ја разгледува Собранието на акционери на оваа
компанија, чија седница е најавена за 20 јануари идната година.

Попрецизно, станува збор за одлука за давање на Понуда за
преземање на обични акции со право на глас издадени од „Макпетрол“ А.Д. –
Скопје, што се наведува како голема
зделка со заинтересирана страна.

„Се
одобрува голема зделка со заинтересирана страна, каде страна во зделката се
сите сопственици на обични акции со право на глас од издавачот Макпетрол, освен ОИЛКО КДА и физичките лица кои
дејствуваат заеднички со него – сопственици на обични акции со право на глас“, се вели во предлог одлуката која треба да биде
изгласана на Собранието на акционери.

„Се
одобрува ОИЛКО КДА – Скопје, да спроведе постапка за преземање на обични акции
со право на глас, издадени од Макпетрол, со јавна објава на задолжителна понуда
за преземање, согласно Законот за преземање на акционерските друштва. Постапката
за преземање, во име и за сметка на ОИЛКО да се одвива преку Комерцијална банка
– Дирекција за вршење на услуги со хартии од вредност, овластен учесник на
пазарот на хартии од вредност, согласно Законот за хартии од вредност“, се наведува во предлог подлуката.

Како
што натаму се потенцира, понудата за преземање ќе се однесува на 72.644 обични акции со право
на глас, издадени од Макпетрол, кои не се во сопственост на ОИЛКО и физичките
лица кои дејствуваат заеднички со него.

Цената која ќе биде понудена
во понудата за преземање, ќе изнесува 67.001 денари, за една акција.

„Понудата
да биде упатена кон сите акционери – сопственици на обични акции со право на
глас, издадени од Макпетрол кои не се во сопственост на ОИЛКО КДА и физичките лица
кои дејствуваат заеднички со него.

Иинаку, издавачот „Макпетрол“ има издадено 112.382 обични акции
со право на глас, од кои 11.238 се сопствени акции без право на глас, а, 28.500
обични акции, со право на глас, се во сопственост на ОИЛКО КДА – Скопје и
физичките лица кои дејствуваат заеднички со него.

Во понудата за преземање, се
утврдува праг на успешност од 50.000 обични акции со право на глас, што
претставува 44,49 отсто од
вкупниот број обични акции со право на глас издадени од „Макпетрол“.

Рокот за прифаќање на
понудата би бил утврден на 28 дена, од денот на објавувањето на понудата за
преземање, согласно можноста предвидена во Законот за преземање на
акционерските друштва.

Се овластува управителот на
ОИЛКО, Дејан Левески, да склучи договор со Комерцијална банка која во име и за
сметка на ОИЛКО ќе ја спроведува постапката за преземање, да склучи Договор со
Централниот депозитар за хартии од вредност и Македонската Берза за вршење на
услуги во постапката за преземање, како и да склучува и други договори и да ја
потпишува целокупната останата документација, потребна за предметната правна
работа. Се овластува Управителот Дејан Левески да ги прецизира сите детали кои
се поврзани со Понудата за преземање, а кои не се прецизирани во оваа Одлука,
како и да изврши измени на елементите од Понудата за преземање, согласно
Законот за преземање на акционерските друштва и подзаконските акти, донесени во
врска со него, доколку за тоа има потреба, а кои се во насока на ефикасно
завршување на процесот на преземање на обични акции со право на глас. Се
овластува Управителот Дејан Левески да го намали прагот на успешност доколку
оцени дека е тоа во интерес на Друштвото.

Како Образложение се
наведува дека „Собранието акционери на ОИЛКО,имајќи предвид дека се
исполнети условите предвидени во Законот за преземање на акционерските друштва,
во кои е предвидено дека „Лицето
кое само или заедно со лицата со кои дејствува заеднички, стекне 25 отсто или повеќе од хартиите од вредност со
право на глас или контролен
праг за преземање, издадени
од определено акционерско друштво, вклучувајќи ги и акциите кои претходно ги
поседувало, задолжително дава понуда за преземање на преостанатите хартии од
вредност, под услови и на начин утврдени со овој закон, како и дека „Понуда за преземање е должно
да даде лице кое само или заедно со лицата со кои дејствува заеднички го
достигнало контролниот праг на преземање“ и „Предмет на понудата за преземање се сите хартии од
вредност на целното друштво, освен хартиите од вредност чиј имател е преземачот“, како и членот дека „Цената во понудата за преземање не смее
да биде пониска од највисоката цена по која кое било од лицата кои дејствуваат
заеднички ги купило хартиите од вредност во последните 12 месеци, пред
известувањето за намерата за преземање“, се вели во Образложението според кое се дава на гласање оваа одлука.

Притоа, треба да се донесе и Одлука за задолжување на
ОИЛКО во Комерцијална Банка и во Хакл банка, како големи зделки со заинтересирана
страна.

Според ЦДХВ, ОИЛКО поседува 22,87 отсто од акциите на „Макпетрол“, а 10
отсто се сопетвени акции на „Макпетрол“.

Домашните физички лица, од кои најголем дел се вработени или пензионери, се
2.352 лица, и заедно поседуваат 58,27 проценти од акциите на нашата најголема
нафтена компанија.

Нина Нинеска-Фиданоска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy