Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКЦИОНЕРИТЕ ИМААТ СУПЕР ФИРМА, АМА ЗА ДИВИДЕНДА, ЌЕ ПОЧЕКААТ – еве како најголемиот производител на леб ќе го искористи ланскиот топ профит од над половина милион евра
Економија

АКЦИОНЕРИТЕ ИМААТ СУПЕР ФИРМА, АМА ЗА ДИВИДЕНДА, ЌЕ ПОЧЕКААТ – еве како најголемиот производител на леб ќе го искористи ланскиот топ профит од над половина милион евра

08/04/2025

AA

Големи се загубите што треба да се покриваат од претходен период, па затоа компанијата која работи повеќе од одлично во последните години, ќе мора и целиот лански профит од над половина милион евра да го намени за покривање на минус од претходни години. Што значи дека дивиденда за акционерите, ќе нема и оваа година.

Акционерите на најголемата компанија во земјава за производство на леб „Жито лукс“, на 7 мај оваа година ќе гласаат токму за тоа ланската добивка од над 500 илјади евра, во целост да се искористи за покривање на загуби од претходни години. 

А, според Билансот на состојба на таа компанија, акумулираните загуби се големи, и на крајот на минатата година изнесувале околу 26,7 милиони евра. Тоа е голема сума, што претпоставува дека ќе треба да се нижат уште повеќе успешни години за „Жито Лукс“ како претходните две, за да се покрие тој акумулиран негативен резултат.

Акционерите, меѓу другото, ќе гласаат и за усвојување на Годишната сметка на компанијата за ланската година, која говори дека според Билансот на состојба, на крајот на минатата година вкупната актива, односно средствата, изнесувала 21,4 милиони евра, исто колку и главнината, резервите и обврските.

Билансот на успех, пак, за што веќе пишуваше Фактор, говори дека компанијата ланската година ја завршила со нето добивка од 500,5 илјади евра. Од ова произлегува и дека ќе се гласа и за одлуката за распоредување на добивката. 

„Добивката во целост ќе се користи за покривање на загубите од минати години“, се вели во предлог одлуката за која ќе треба да се изјаснат акционерите. 

Тие ќе гласаат и за усвојување на Годишниот извештај за работењето на компанијата.

А, ќе се гласа и за усвојување на Извештајот за работењето на Надзорниот Одбор и одобрување на работата на неговите членови, за кои ќе се определи и месечен надомест, но тој ќе остане тајна се до акционерското собрание. 

Ќе се усвојува и Извештајот за работењето на Управниот Одбор, како и за одобрување на работата на неговите членови, како и Годишниот извештај за работата на Службата за внатрешна ревизија.

Како што неофдамна пишуваше Фактор, најголемиот македонски производител на леб, лани едноставно знаеше како да вложи во нови и модерни лебови, и тоа на компанијата и донесе и тоа како солидни финансиски резултати. Имено, извештаите за лани што ги објави „Жито Лукс“ покажаа, прво, дека Македонците се лебари и сакаат да јадат леб, но и дека сакаат промени, па не се задоволуваат само со обичните бели сомунчиња, туку преферираат и фенси, и пред се здрави лебови.

„Почетокот на деловната 2024 година помина во знакот на лансирање на новиот визуелен идентитет на брендот, долгоподготвуван проект за модернизација на брендот со цел приближување кон помладите генерации купувачи“, објаснија од компанијата во своето образложение кон финансиските извештаи.

Приходите од продажба лани на оваа компанија и донеле прилив од 20,4 милиони евра, или тоа е раст за 4 проценти во однос на претходната 2023 година. А главно, оваа компанија својот асортиман го продавала на домашниот пазар, и на тоа отпаѓаат приходи од дури 19,9 милиони евра, што значи дека за толку пари сме изеле од лебот, но и од брашната и се од другиот асортиман на „Жито лукс“. Компанијата, покрај како иноватор, лани се покажала како добар домаќин, па не само што не ги зголемила трошоците на продадените производи, туку и успеала да ги намали, иако скромно, за 1 процент.

„Во следната 2025 година, компанијата влегува со исто така агресивен инвестициски план со цел поддршка на новите иницијативи. Главниот фокус ќе биде ставен на развивање нови производи базирани на тековните пазарни трендови и навиките на нашите потрошувачи. Иновациите се насочени кон производи со додадена вредност, функционални и премиум лебови кои нудат дополнителна корист за потрошувачот и придонесуваат за нивната севкупна благосостојба“, ги споделија од компанијата своите планови преку Берзата.

Добивката во 2023 година, пак, изнесуваше 331 илјади евра, но и таа се намени за покривање на загуби од претходните години.

„Жито Лукс“ има повеќе акционери со капитал над 5 проценти од акционерската структура, но од нив доминантен е грчки „Елбиско“ кој поседува 55,82 отсто од акциите, потоа ЗК „Пелагонија“, кои имаат 29,46 проценти, Пенфилд располага со 15,88 проценти, прилепска „Витаминка“ поседува 7,94 отсто, а скопска „Европа“ располага со 7,68 проценти. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЛГОТРАЈНИТЕ СУДЕЊА СЕ САМО ЗА ПОГРЕБУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА Имаме болна

16/02/2026
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41503
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЛГОТРАЈНИТЕ СУДЕЊА СЕ САМО ЗА ПОГРЕБУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА Имаме болна историја на мега-процеси без праведен

16/02/2026

Македонската правосудна пракса со децении е оптоварена од една перверзна парадигма, според која правдата не се мери според нејзината прецизност,

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА…  Полицијата привела уште 10

15/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy