Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХВ: Монструозни се обвинувањата на Анима Мунди дека на милост и немилост се оставени свињите од фармата во Таринци
Македонија

АХВ: Монструозни се обвинувањата на Анима Мунди дека на милост и немилост се оставени свињите од фармата во Таринци

07/09/2023

AA

Агенцијата за храна и ветеринарство реагира по објавата од страна на здружението за заштита на животни „Анима мунди“ за состојбите во фармата во општина Карбинци.

„Монструозни се обвинувањата на здружението за заштита на животните Анима Мунди дека на милост и немилост, без храна, вода и елементарни услови за живот се оставени свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде во тек е спроведувањето на мерки за еутаназија согласно донесените решенија на Агенцијата за храна и ветеринарство за справување со болеста африканска чума кај свињите, која беше потврдена на фармата. Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, вклучително и за оние кои се опфатени со овие мерки и кои треба да бидат еутаназирани, најодговорно тврдиме дека во соопштението на здружението се изнесени лаги – наведува АХВ во соопштението.

Од АХВ додаваат дека еутаназијата на животните се спроведува по највисоки стандарди и строго дефинирани процедури, во присуство на официјални ветеринари под чиј надзор се преземаат сите активности, почнувајќи од утврдување на здравствената и благосостојбата на животните кои треба да се еутаназираат, па се до преземањето на мерките за нештетно отстранување на убиените животни на фармата.

– Најодговорно тврдиме, животните кои треба да се еутаназираат не се оставени сами да умрат како што грубо се тврди во соопштението. Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба, на фармата во Таринци се врши редовен дотур во силосите за исхрана, животните се снабдени со доволни количини питка вода и сместени во соодветни објекти кои се добро проветрени и осветлени“, стои во објаснувањето од Агенцијата за храна и ветеринарство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy