Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна поддршка за Охридскиот договор и евроинтеграциите
Македонија

Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна поддршка за Охридскиот договор и евроинтеграциите

09/04/2026

AA

Демократската унија за интеграција ја информираше јавноста дека претседателот на партијата, г. Али Ахмети, своето отворено писмо од 3 април, упатено до домашната и меѓународната јавност, го доставил и до меѓународните пријатели и партнери акредитирани во Република Северна Македонија, како и до светски лидери и истакнати меѓународни личности.

Во воведот, Ахмети ја нагласува континуираната посветеност на ДУИ кон целосната имплементација на Охридскиот рамковен договор, изградбата на демократска и мултиетничка држава, како и евроатлантската интеграција на земјата. Тој изразува загриженост за последните политички случувања кои ги засегаат овие достигнувања, вклучително и укинувањето на механизмот на балансерот за правична и соодветна застапеност на заедниците, предизвиците во функционирањето на институциите што го спроведуваат Законот за употреба на јазиците, како и иницијативите за негово оспорување пред Уставниот суд.

Отвореното писмо, објавено на 3 април 2026 година, е адресирано до сите амбасадори на земјите-членки на Европската Унија акредитирани во земјата, како и до следните меѓународни лидери и личности:

Шефови на држави, премиери и поранешни лидери:
• Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Џ. Трамп
• Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
• Премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер
• Претседателот на Француската Република, Емануел Макрон
• Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц
• Премиерката на Италија, Џорџа Мелони
• Поранешниот претседател на САД, Џорџ В. Буш

Исто така и до претставници на меѓународни организации и дипломати:
• Државниот секретар на САД, Марко Рубио
• Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
• Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска
• Потпретседателката на Европската комисија, Каја Калас
• Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас
• Заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау
• Раководителот на Бирото за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Брендан Ханрахан
• Заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Колин Хајланд
• Потсекретарката на ОН за политички прашања и градење мир, Розмари ДиКарло
• Амбасадорот и специјален претставник на ЕУ во Косово и поранешен амбасадор во Македонија, Аиво Орав
• Постојаниот претставник на Словенија во ОН, Самуел Жбогар
• Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад
• Заменик-шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Албанија, Кларис Пастори

Писмото е испратено и до поранешни меѓународни претставници и истакнати личности, меѓу кои: Џорџ Робертсон, Ерван Фуере, Федерика Могерини, Дејвид Гир, Питер Фејт, Хавиер Солана, Викторија Нуланд, Роберт Гелбард, Лоренс Е. Батлер, Крег Џенес, Донато Киарини, Кетрин Ештон, Кристоф Хојсген, Николаас Бигман, Лери Батлер, Дин Куран, Денис Блис, Џејкоб МекФерен и Даниел Сервер.

Преку ова писмо, Ахмети бара континуиран ангажман и поддршка од меѓународните партнери за зачувување на достигнувањата од Охридскиот рамковен договор, зајакнување на стабилноста и унапредување на евроатлантската перспектива на Република Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не

10/04/2026
Македонија

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има

09/04/2026
Македонија

Ахмети прати писмо до Трамп, ЕУ и НАТО: Бара меѓународна

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Во Македонија фирми профитираат од кризата, додека 90% од

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Примирјето е само „излезна рампа“ за Трамп, цените на

09/04/2026
Македонија

Јовановиќ: Македонија не е земјоделска земја – тоа е мит,

09/04/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, СОНЦЕ И ОБЛАЦИ ПРЕКУ ДЕН Времето за празниците

09/04/2026
Македонија

Ковачевски: Падот на БДП и инфлацијата ќе изнуди предвремен ребаланс

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42333
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛЕКУ СМЕ ПРЕД ДРУГИТЕ ВО ПЛАНОТ ЗА РАСТ Македонија не коленичи на патот кон ЕУ

10/04/2026

Добро е што ние водиме достоинствена политика, не правиме понижување ниту од себе, ниту од сопствената нација и држава и

РАМО ДО РАМО ЧЕКОРИМЕ СО КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ Некогаш има поместувања и кога не се

09/04/2026

Не треба да чекаме децении за Европската Унија, напротив некогаш движење има и кога не е пред очите на јавноста,

Јовановиќ: Во Македонија фирми профитираат од кризата, додека 90% од народот едвај преживува

09/04/2026

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии во емисијата Ноќно студио на 4ТВ упати жесток аларм за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy