
Ахмети: ДУИ е родена од крвта на мачениците
ДУИ е нападната од сите страни, рече претседателот на партијата, Али Ахмети, на настан во Чаир по повод изборот на новиот состав на чаирскиот разгранок.
Ахмети порача дека ДУИ е клучот за функционирањето на државата и не се урива така лесно бидејќи ДУИ е родена од УЧК и од крвта на мачениците, а не во телевизиски студија.
Рече дека додека биле во коалиција ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги напаѓал, а тоа се случувало оти биле и сега се клучната партија без која институциите не би биле стабилни.
Рече дека никогаш не пораснале и не се хранеле со туѓа пот, туку со потта на сопственото чело.
По средбата, Ахмети на „Фејсбук“ се заблагодари за масовниот прием од членовите на ДУИ во Чаир.