Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХК Северна Македонија го организира вториот бизнис настан Suppliers Balkan Expo- SUBEX
Економија

АХК Северна Македонија го организира вториот бизнис настан Suppliers Balkan Expo- SUBEX

25/10/2023

AA

АХК Северна Македонија го организира бизнис настанот Suppliers Balkan Expo-SUBEX кој ќе се одржи на 25 и 26 октомври 2023 година во Скопје.

Цел на овој бизнис настан е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИТ, текстилна, дрвна и прехранбена индустрија од Северна Македонија со компании купувачи од Германија, Романија, Албанија, Косово, Србија, Белгија и Австрија. 

Во изминатите години македонските компании се соочуваа со предизвици при изнаоѓање на нови партнери за извоз, како и за проширување на своите бизнис активности надвор од границите на својата земја и регионот. 

„Најновите случувања во Европа и светот доведоа до сериозни нарушувања во стопанството, кое секојдневно се соочува со предизвици како последица на војната во Украина која сериозно го наруши европскиот синџир на снабдување, но и екстремно ги зголеми цените на енергија и енергенси.
Во потрагата по стабилни компании добавувачи, но и пазари за инвестирање каде европските компании може да ги префрлат своите производствени капацитети Балканот е фокус.

Дека има голем интерес за Северна Македонија говорат и бројките.
Извозот од Северна Македонија во Германија е зголемен за повеќе од трипати во последните 10 години и денес достигнува 4,8 милијарди евра.
Во последните две години, повеќето германски инвеститори кои веќе работат во земјата енормно ги проширија своите производствени капацитети.
Додека претходно германските инвеститори претежно беа од автомобилската индустрија сега имаме се поголема диверзификација. Новите германски инвеститори се од други сектори, како што е најсовремено производство на батерии, текстил, кабли и медицинска опрема. Сметаме дека настан како SUBEX е одлична можност да се даде поддршка на домашните стопанственици од преработувачка и ИТК индустрија, овие два дена ќе се одржат 7 панели, повеќе од 250 Б2Б, саем за компании изложувачи и саем за кариерен развој и вработување – изјави Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија. 

„Северна Македонија прави големи напори со институциите да овозможи најдобри услови за работа на македонскиот пазар. Најважно од се е компаниите кои ќе решат да иневстираат во Северна Македонија да имаат предвидлива бизнис клима. Во насока на понатамошна поддршка на развојот на индустријата, диверзификација на производството и зголемување на извозот Владата нуди поголем сет на мерки, како мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, мерки преку програмите на министерство за економија за поддршка на преработувачка индустрија и МСП, мерки од фонд за иновации и сл. 

Следни активности во кои е вклучено министерството, а треба да имаат позитивно влијание врз понатамошна поддршка и поттик на фирмите во нивниот раст и развој се паметната специјализација чиј фокус е на соработка наука и бизнис во поддршка на истражување, развој и иновации согласно потребите на бизнисот и извозна стртаегија како стратешка рамка за поддршка на фирмите во извозна споремност и извозна промоција“ кажа министерот Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy