Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Агенцијата за туризам и ОФМ ќе промовираат спортски туризам преку Европското првенство во одбојка 2023
Македонија

Агенцијата за туризам и ОФМ ќе промовираат спортски туризам преку Европското првенство во одбојка 2023

27/02/2023

AA

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски и генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), Зоран Карановиќ денеска потпишаа Меморандум за соработка за развој на спортскиот туризам и заедничка промоција на Европското првенство во одбојка за мажи во 2023 година од кое натпреварите во Групата Ц ќе се играат во Скопје од 30 август до 6 септември годинава.

– Спортскиот туризам е уште еден начин на патување кој станува сè попопуларен во светот. Луѓето се почесто патуваат за некој спортски настан на неколку дена и ги искусуваат туристичките понуди и атракции кои им ги нуди дестинацијата. Во таа насока и главните активности во периодот што следи ќе бидат насочени кон организирана промоција и поголема регионална и европска видливост на претстојното Европско првенство во одбојка 2023 (мажи). Ќе мотивираме што поголем број гости кои освен што ќе ги следат натпреварите, ќе имаат и можност да ги истражат и убавините на градот Скопје. Очекуваме голем број на Холанѓани, Данци, Црногорци, Полјаци и Чеси да го посетат главниот град, да доживеат незаборавни моменти пред, за време и по натпреварите. Агенцијата за туризам на претстојниот саем во Берлин ќе започне со промоција на Европското првенство во одбојка 2023, односно натпреварите во Група Ц кои ќе се играат во Скопје. Во периодот што следи ќе имаме состаноци со туроператори и хотелиери за да пружиме максимална организираност за сите љубители на овој спорт, изјави директорот Јаневски.

Како што информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во Групата Ц во Скопје, македонските одбојкари играат со светската одбојкарска велесила Полска, со Холандија и Чешка, кои се почитувани репрезентации со висок рејтинг, како и со Данска и со Црна Гора. Со нив ќе почне натпреварувањето во арената „Борис Трајковски“ од 30 август.

Идејата за заедничка соработка на ОФМ и Агенцијата за туризам е овој настан да добие туристички аспект, односно да се привлечат што поголем број на странски навивачи кои ќе ја посетат нашава земја во периодот додека се одржуваат натпреварите. Целта е на домашните и странските гледачи да им овозможиме целокупно уживање во елитна одбојка, а во тие рамки да им ја претставиме земјава како атрактивна спортско-туристичка дестинација.

– Посебна чест и задоволство е што денеска потпишавме Меморандум за соработка со Агенцијата за туризам, како државна институција која дава официјална и сериозна поддршка на Одбојкарската федерација на Македонија и на европскиот настан што не чека во месеците август и септември. Добро е што тргнавме од буквата “А” и се надевам дека и останатите институции ќе се вклучат за да од најдобра можна позиција го претставиме нашиот град, државата и овој спортски настан што не чека ова лето, изјави Карановиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42388
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy