Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Агенцијата за катастар со неправилности во евиденцијата на имотот и пописот“
Македонија

„Агенцијата за катастар со неправилности во евиденцијата на имотот и пописот“

16/04/2026

AA

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во својот најнов конечен извештај за 2024 година изрази мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН). Иако институцијата е усогласена со законската регулатива во поглед на трансакциите, ревизорите открија сериозни пропусти во сметководственото евидентирање на државниот имот и спроведувањето на пописот.

Еден од клучните наоди на ревизијата е дека АКН не евидентирала два градежни објекти за кои има стекнато право на трајно користење.

Дополнително, ревизијата утврди дека инвестициите за реставрација на објектот во Крушево во износ од 6,4 милиони денари не биле навремено прикажани како „инвестиции во тек“ во деловните книги.

Ревизорите нотираат дека пописот за 2024 година не е извршен целосно согласно законските прописи. Пописните листи содржеле само количини без парични вредности, а за недвижниот имот не биле приложени имотни листови за потврда на правото на користење.

Особено е истакнат проблемот со нематеријалните средства (софтвери и лиценци). Утврдено е дека Агенцијата сè уште води во евиденција софтвери кои се вон употреба или со истечен рок, а последното ажурирање на нивната состојба било направено пред цели седум години, односно во 2019 година.

АКН има законска обврска да воспостави единствена евиденција на државниот имот преку доделување на ЕИБ. Сепак, ревизијата открива дека ваков број е доделен само за државните органи и институции, но не и за трговските друштва основани од државата. Ова претставува сериозна пречка за ефикасно управување со државниот имот.

Извештајот обрнува внимание и на тековните судски постапки кои можат да предизвикаат значителни финансиски импликации во иднина.

Од Државниот завод за ревизија препорачуваат итно преземање мерки за соодветно евидентирање на материјалните средства и унапредување на процесот на попис за да се обезбеди реално прикажување на финансиската состојба на институцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
Македонија

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА

08/10/2026
Македонија

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски

08/10/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази

08/10/2026
Македонија

12 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ВГОДИНА Наместо

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА СМЕТА ДЕКА КРИВИЧЕН НЕ ГИ ЦЕНЕЛ ДОВОЛНО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД НА 10 ДЕКЕМВРИ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДМЕТОТ

08/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ БАРА ДА НЀ ОЦЕНУВААТ ПО ЗАСЛУГИ Кос порача Скопје

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46062
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски најави разговори и со Бугарија

08/10/2026

Македонија постигнала билатерални договори и решенија со Хрватска, со Швајцарија и со Романија за олеснување на движењето на професионалните возачи,

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА Патувањето ќе трае 50 минути

08/10/2026

Железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина би можело да профункционира до крајот на 2027 година, а патувањето со воз меѓу

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски повтори дека прашањата за идентитетот

08/10/2026

На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy