Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АФЕТ денеска го усвои Извештајот за напредокот на Македонија: Вајц вели по 20 години, време е за ЕУ!
Македонија

АФЕТ денеска го усвои Извештајот за напредокот на Македонија: Вајц вели по 20 години, време е за ЕУ!

24/06/2025

AA

Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Северна Македонија за 2023 и 2024 година, подготвен од австрискиот европратеник и известувач за земјава, Томас Вајц.

Извештајот беше изгласан со широко политичко мнозинство, а Вајц во својата изјава изрази задоволство од постигнатиот консензус. „Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да донесеме добро избалансиран извештај. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го задржиме моментумот и да го унапредиме процесот на проширување“, порача Вајц преку соопштение од прес-службата на Европскиот парламент.

Претходно, гласањето за Извештајот беше одложено од 4 јуни на барање на Вајц, поради, како што посочи, силни притисоци од бугарските европратеници кои се противеа на јасното именување на македонскиот јазик и идентитет во текстот. Вајц истакна дека бил сведок на интензивни политички дебати, но дека останува цврсто зад документот, кој е резултат на компромиси во кои биле вклучени сите пратенички групи.

Во Извештајот се нагласува посветеноста на Северна Македонија на евроинтегративниот процес и се повикува на брза имплементација на уставните измени како клучен чекор во преговорите за членство. Во документот, меѓу другото, се содржат и неколку јасни референци за признавање на македонскиот јазик и идентитет.

Извештајот сега треба да биде усвоен и на пленарно заседание на Европскиот парламент, кое ќе се одржи од 7 до 10 јули во Стразбур. Во меѓувреме, бугарски европратеник најави дека ќе поднесе „мислење на малцинството“ како додаток на документот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy