Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција, Груевски ви е промашена тема“
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција, Груевски ви е промашена тема“

13/04/2026

AA

 

Познатиот скопски адвокат Владимир Туфегџиќ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако преку Фејсбук објава жестоко ја критикуваше македонската опозиција. Во својот пост, тој директно укажува дека темата за наводното враќање на Никола Груевски после поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија се користи како политичка стратегија без реална основа.

Според него, „политичка опозиција која својот политички опстанок го гледа во враќањето на Груевски“ нема вистинска визија за иднината.

Во објавата, адвокатот оди чекор понатаму, нагласувајќи дека евентуалното враќање на поранешниот премиер не зависи од домашните политички фактори. „Груевски ќе биде вратен кога за тоа ќе дадат согласност тие што ја кренаа рампата да замине“, пишува тој, алудирајќи на меѓународниот контекст.

Најостриот дел од неговиот статус е насочен кон, како што вели, „политички маргиналци“ и „политички паразити“. „Не памтиме дека во изминатите 20 години направиле нешто добро, освен што млателе празна слама и го појачале личното банкарско конто“, наведува адвокатот. Тој истовремено посочува дека вистинската лекција за политичките актери треба да се бара во успешни кампањи водени „во прво лице еднина“, со јасна порака и мобилизација на гласачите.

Во објавата се споменува и примерот на „младиот политички надежен адвокат“, кој, според него, успеал да извлече дури 80 проценти од електоратот на гласање. Тој потенцира дека таквиот пристап – со „државното знаме во рака“ и директна комуникација со граѓаните – е вистинскиот пат за политички успех, за разлика од, како што оценува, празните и ретроградни теми.

СДСМ ја поздрави победата на Петер Маѓар и на неговата партија Тиса на изборите во неделата, а лидерот Венко Филипче на платформата Х напиша дека следи пад на Александар Вучиќ во Србија и на Христијан Мицкоски во Македонија.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
Македонија

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ

13/04/2026
Македонија

АДВОКАТОТ ТУФЕГЏИЌ ОСТРО ГО НАПАДНА СДСМ „Јадна и очајна опозиција,

13/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за

13/04/2026
Македонија

Шест лица приведени за семејно насилство за Велигден, вкупно пријавени

13/04/2026
Македонија

ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ

13/04/2026
Македонија

14 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден

13/04/2026
Македонија

Мажи од демиркаписко со закани од пиштол и нож насилно

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42433
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026

СДСМ попладнево ја поздрави јасната и недвосмислена порака на Петер Маѓар од денешната прес-конференција.  „Новата унгарска власт повеќе нема да

АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ ГИ ПОЗДРАВИ НАПОРИТЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА СТОРИТЕЛИТЕ Брзата акција е важна за

13/04/2026

Израелската амбасадорка во земјава Вивиан Аисен ги поздрави „решителните акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на

МУЦУНСКИ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА „Нема место за вакви дела во Македонија“

13/04/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy