
ЈА ТУЖЕШЕ МЕДИУМСКАТА КУЌА 11 ПАТИ, А ПОТОА ЈА КУПИ: Светската ѕвезда потроши 57 милиони евра, и ниту еден не отпушти од работа
Фудбалската
мегаѕвезда, Кристијано Роналдо ја презеде медиумската куќа „Кофина Медија“ со
која во минатото често имаше несогласувања поради нарушување на неговата
приватност.
Тој за
споменатата компанија одвои 57.000.000 евра, а првиот чекор на Кристијано беше
да им подели богати бонуси на сите вработени. Секој од нив добил чек од 1.250
евра, како благодарност за посветената работа.
– Вработените
добија известување по е-пошта за исплати на бонус. Тоа е знак на благодарност
до сите кои се дел од ова големо друштво – пишуваат португалските медиуми.
Компанијата, која
вклучува бројни продавници и водечката мрежа CMTV, во минатото честопати беше
вмешана во правни спорови со Роналдо, кој ги тужеше 11 пати.
Новинарите на
„Кофина медиа“ често мораа да го следат приватниот живот на португалскиот
напаѓач, а сега тој одлучи да ја купи нивната компанија и да ги задржи сите
вработени. Сепак, тој промени една работа.
– Единствената
промена е поврзана со името. Сега ќе се вика „Expressao Livre“. Непријатно ни е
поради сето она што се случувало во минатото, но никој не се плаши да не остане
без работа – рече еден од вработените и додаде:
– Знаеме дека
често сме го вознемирувале, со или без причина, но тој ја разбира нашата
работа. Посебна среќа имаат спортските новинари. Секој што мисли дека Роналдо
ќе отпушти некого, греши – додаде вработената во компанијата.
ФОТО: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH
