Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ја турнал оградата и почнал да гради кај Бит пазар паркинг оти политичарите лажеле
Македонија

Ја турнал оградата и почнал да гради кај Бит пазар паркинг оти политичарите лажеле

29/05/2023

AA

Одбраната денеска побара одложување, со образложение дека им е потребно време да се подготват.

Три недели по инцидентот со рамнењето на земјиште кај поликлиниката Бит Пазар, како што стои во обвинението со намера да градат паркинг, двајцата обвинети скопјани застанаа пред судијата.

Со претходни ветувања од страна на политичките партии, обвинетиот, изреволтиран од нивниот однос, нема направено ништо друго освен што ја има израмнето земјата, рече адвокатот на еден од обвинетите.

Адвокатот Драган Пешевски, бранител на еден од обвинетите, пак, уверува дека двајцата немале цел да градат или трајно да ја оштетат земјата кај поликлиниката. Биле мотивирани од, како што кажа, револт од нерализираните ветувања што ги добиле од некои политичари..

„Можеби знаете за која земја се работи, тоа е паркингот зад поликлиниката „Бит Пазар“ кој долги години служеше како див паркинг.Со преходни ветувања од страна на политичките партии, обвинетиот изреволтиран од нивниот однос, нема направено ништо друго, освен што ја има израмнето земјата. Ништо повеќе од тоа. Никаква градба, никаква наплата, никакви рампи кои ги споменува обвинителството. Ништо од тоа нема“, изјава, Драган Пешевски, адвокат.

За овој случај, ОЈО Скопје поведе постапка веднаш по узурпацијата на земјиштето и побара притвор за осомничените.

„Во ноќни услови, на особено фреквентно место од градот, со своите ископувања стигнале до самите ѕидови на болницата, при што го загрозиле пристапот до болницата и спроводот на пациентите во итни случаи. Намерата на осомничените била во најкраток можен период за време на викендот да го заокружат криминалниот потфат со ставање сопствена рампа со која во иднина би го узурпирале просторот и би профитирале од наплата на паркинг без дозвола. Ова за Обвинителството укажува дека тенденцијата на осомничените била и понатаму да се занимаваат со казниви дејствија што го оправдува стравот дека постои опасност тие да го повторат кривичното дело“,соопштија од ОЈО Скопје на 14 мај кога поведоа постапка.

Влегле со багер и почнале на диво да градат паркинг во поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје, уапсени 2 лица

На првоосомничениот тогаш му беше определен притвор од 8 дена, додека на второосомничениот – управувачот со багерот, судот му изрече мерка претпазливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
Македонија

СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е

18/02/2026
Македонија

ГОЦЕ НАУМОВСКИ Е НОВ УСТАВЕН СУДИЈА Одлуката за новиот член

18/02/2026
Македонија

Николоски: Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме

18/02/2026
Македонија

Паднати дрвја и навалени бандери низ Гази Баба: Се санирааш

18/02/2026
Македонија

Роботи, одела, детектори, камери, рендген апарати: САД донираше опрема од

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41634
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една лента

18/02/2026

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес поточно 2 км. пред наплатната станица Сопот од 21.00 часот се одвива

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на ВЛЕН

18/02/2026

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВЛЕН, во настап на ТВ21, зборуваше за спојувањето на ВЛЕН во партија и

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат Скопје – Велес!

18/02/2026

АМСМ информира дека сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес поточно 2 км. пред Н.С, Сопот од 21.00 ч

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy