Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 А КАДЕ БИЛО КОЧАНСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЦЕЛИ 13 ГОДИНИ ЗА „ПУЛС“? Обезбедувачите не загрозија, туку спасуваа животи, посочи одбраната
Македонија

А КАДЕ БИЛО КОЧАНСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЦЕЛИ 13 ГОДИНИ ЗА „ПУЛС“? Обезбедувачите не загрозија, туку спасуваа животи, посочи одбраната

04/12/2025

AA

Одбраната на членовите на обезбедувањето на клубот „Пулс“ во Кочани,  во своите воведни зборови оцени дека обвинението против обезбедувачите е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки. Адвокатите нагласија дека дел од обвинетите имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, а како клучни причини за трагедијата ги посочија институционалните пропусти и недостигот на надзор.

Бранителот на Јане Јанчевски, директор на агенцијата за обезбедување Рубикон, адвокатот Јовица Страшевски, во воведниот говор рече дека не се исполнети елементите на кривичното дело што му се става на товар на Јанчевски, па затоа предложи да се ослободи од обвинението поради непостоење на докази.

– Не може сите обвинети со ваков опис на обвинението, сите да презеле исти дејствија и да се извршители на исто дело Тешки дела против општата сигурност, а притоа да нема поврзани докази кој какво дејство презел. Со ваков обвинителен акт и докази како бранител имам тешка задача да објаснам и дојдам до конкретен логичен заклучок, зошто од описот на обвинението нема логичен заклучок – изјави Страшевски.

Во обвинението, според Страшевски не е јасно наведено какви дејствија и кои од тие дејствија по својот карактер претставуваат исполнување на делото што му се става на товар, како и уште поконкретно, не е јасно кои дејствија кога и со кого го сторил.

– Диспозитивот на обвинението претставува акт на измислено, свесно и хаотично извртување на вистината во поглед на обвинетиот Јанчевски, со цел да се создаде заблуда во јавноста. Обвинителството има погрешно утврдена фактичка состојба во однос на делото што му се става на товар на Јанчевски. Ќе докажеме дека Јанчевски ниту бил, ниту поттикнал сторување на делото – рече Страшевски.

Адвокатот Дејан Стојчев, посочи дека не постои никаков писмен договор за приватно физичко обезбедување со сопственикот на дискотеката или каква било исплата, а на Јанчевски му се ставаат на товар дела како да има писмен договор.

– Овој судски процес е единствена шанса мојот клиент да ја докаже својата невиност – рече Стојчев.

Адвокатот Зоран Зафировски во воведниот збор истакна дека неговиот клиент, обезбедувачот Лазар Захариев и самиот претрпел сериозни последици од трагичниот настан.

Зафировски нагласи дека Захариев повеќе од 3 часа извлекувал деца и посетители од дискотеката, сè до моментот кога немало веќе кого да спасува, по што завршил на болничко лекување со нарушено здравје. Одбраната посочи дека обвинетиот имал обврска само за патролно обезбедување и пристигнал во објектот два часа по почетокот на настапот на групата ДНК, со што немал можност да види што се внесува во дискотеката.

– Дали обезбедувачите имаат вина поради фактот што на територија на општина Кочани со години нема инспектор за пожар и поради фактот што контролата на пиротехника од страна на МВР постои само на хартија – праша адвокатот Зафировски.

Обвинетиот Захариев, во воедниот збор пред судот само изјави дека жали што во кобниот ден не успеал да спаси повеќе животи.

Бранителот на обвинетиот обезбедувач Ивица Грозданов, адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, во воведниот говор рече дека пожарот во дискотеката „Пулс“ е последица на целокупниот однос на државата кон редот, законот и со еден збор  – системот.

– Корумпираниот систем е причина, но не ги гледам во судница креаторите на овој систем. Рибата од главата смрди. Се прашувам каде било Обвинителството во Кочани во изминатите 13 години. Ивица Грозданов не бил ниту најмалото тркалце и му се става на товар дека без писмен договор со агенцијата за обезбедување Рубикон не изготвиле план за обезбедување на дискотека – рече Давидовиќ.

Надзорот и контролата на малолетниците, рече Давидовиќ, не е обврска на обезбедувањето и не е кривично дело.

Одбраната на обвинетиот Мартин Ѓорѓиев, кој исто така е дел од обезбедувањето, адвокатката Елизабета Панева, рече дека ќе докажат дека не го сторил делото што му се става на товар.

– Обвинителството го товари Мартин Ѓорѓиев дека постапил спротивно од законот за приватно обезбедување и дека заедно со Ивица Грозданов, Лазар Захариев и Стојанче Димитриев… вршејќи обезбедување, не извршиле проверка на идентитетот и овозможиле влез и присуство на малолетници во дискотеката, како и дека не го спречиле внесот на пиротехниката со која е предизвикан пожарот. Ќе докажеме дека немало умисла и договор меѓу овие обвинети. Ќе докажеме дека Мартин не постапил спротивно на одредбите на Законот за обезбедување, затоа што на кобната вечер неговата работна задача била да става печат на влезниците, а не да врши проверка на идентитетот. Имал можност, но не и законска обврска да проверува идентитет. Можноста не создава и обврска – рече Панева.

На денешното рочиште, одбраната на обвинетите градоначалници истакна дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат обвинетите со катастрофата.

Претходно, одбраната на обвинетите градежни инспектори нагласи дека „причината за трагедијата не е поради градежни пропусти на структурата на објектот“ и дека инспекторите „не можеле да постапат бидејќи немало пријава или наредба за инспекциски надзор“. Сите изразија жалење и сочувство на семејствата на починатите лица.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 210 беа повредени.

Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска и се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Судењето продолжува на 10 декември.

НА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ИМ СЕ СУДИ БЕЗ ФАКТИ, СИЛНИТЕ ЕМОЦИИ НЕ СЕ ДОКАЗ Љупчо Коцевски со правна гимнастика ја задоволува јавноста која бара одмазда

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44754
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy