Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ајфон“ моделите поскапуваат во трговската војна помеѓу САД и Кина
Економија

„Ајфон“ моделите поскапуваат во трговската војна помеѓу САД и Кина

08/04/2025

AA

Поради постоечките царини и трговската војна помеѓу САД и Кина, цената на најновиот Ајфон е зголемена за 1.000 долари, па новиот модел би можело да чини дури 2.300 долари.

Поголемиот дел од уредите на iPhone сè уште се произведуваат во Кина, на која Соединетите Американски Држави и воведоа царини од 54 отсто.  Најевтиниот модел на iPhone 16 од серијата што во САД се продава со цена од 799 долари (околу 725 евра), наскоро би можел да чини и 1.142 долари (1.035 евра), според пресметките врз основа на проекции на аналитичарите.

Посочуваат дека цената на споменатиот телефон би можела да се зголеми за 43 отсто, доколку Apple одлучи новите трошоци да ги пренесе на потрошувачите.

Епл планира да префрли дел од производството на Ајфон (iPhone) од Кина во Индија за да го ублажи влијанието на новите американски царини наметнати на кинеските производи од страна на претседателот Доналд Трамп, објави Волстрит журнал.

Извори блиски до компанијата велат дека тоа е привремена мерка додека Епл се обидува да добие ослободување од тарифите, што веќе го постигна за време на првиот мандат на Трамп. Компанијата во моментов не сака радикално да го промени својот долгорочен синџир на снабдување, кој сè уште многу се потпира на Кина.

Увозот на Ајфон од Кина во моментов е погоден со царини од 54 проценти, додека увозот од Индија е предмет на многу пониска стапка од 26 проценти. Како одговор на американските мерки, Кина воведе царини од 34 отсто за некои американски производи. Претседателот Трамп побара од Кина до денеска да ги укине возвратните царини, во спротивно тој се заканува со дополнителни царини од 50 отсто, што предизвика пад на вредноста на акциите на Епл.

Администрацијата на Трамп дополнително го зголеми притисокот врз американските и странските технолошки гиганти, а Епл сега се обидува да избегне зголемување на цената на неговите производи поради дополнителните трошоци за увоз од Кина. Доколку царините останат на сила, Епл би можел трајно да го зголеми своето присуство во Индија, каде што веќе има производствени капацитети. „Ова е краткорочно решение додека не се разјасни ситуацијата“, велат од Епл

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА…  Полицијата привела уште 10

15/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy