Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април
Македонија

Јајцата и оризот со замрзната цена до 30 април

21/03/2023

AA

Владата денеска ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти следниот месец. Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се пласира на домашниот пазар, а трговците на мало се обврзани да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина што ја набавувале во јануари и февруари годинава.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека во изминатиот период е утврден значаен пораст на цените на ориз и јајца, како резултат на движењата во однос на извоз и увоз на овие производи.

-За таа цел, а во пресрет на претстојните празници Велигден и Бајрам, со цел да се спречи евентуален дисбаланс на домашниот пазар и недостаток на јајца од кокошка, производителите, најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца ќе го пласираат на домашниот пазар, а трговците на мало да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина на јајца што ја набавувале во јануари и февруари 2023 година, рече Ковачевски на прес-конференција по владината седница.

Овие мерки, укажа, не ги носиме произволно, туку се базирани врз аргументирани факти и анализи, кои се реализирани во изминатиот период.

Ковачевски порача дека ќе продолжат да ги следат случувањата на домашниот и на светските пазари и оти соодветно на тоа ќе реагираат со владините механизми.

Целта, нагласи, е да не дозволиме дисбаланс на домашниот пазар, што би се одразило и врз семејниот буџет на граѓаните.

Замрзнувањето на цената на јајцата и оризот, потсети премиерот, е продолжение на мерките со кои беа замрзнати цените на белиот и полубелиот леб, на дел од тестенините и на дел од млечните производи. И овие одлуки, како и денешната, посочи, беа донесени врз основа на претходно направени анализи, а се во правец на заштита на интересите на граѓаните и заштита на домашниот пазар од нарушувања во однос на понудата и побарувачката.

Како што нагласи Ковачевски, Владата продолжува со трендот да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, со цел полесно справување на последиците од актуелната светска економска и енергетска криза. Ќе делуваат, најави, согласно потребите и интересите на граѓаните.

-Нема да дозволиме личен профит врз грбот на граѓаните. Затоа и ги носиме сите овие мерки, за да олесниме на граѓаните и да го подобриме квалитетот на животот на сите, рече Ковачевски.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026
Македонија

ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОДИ НА ВТОРО ЧИТАЊЕ

08/04/2026
Македонија

СДСМ ДИРЕКТНО ГИ КОЧИ РЕФОРМИТЕ, ВЕЛИ ЗНАМ „Наместо поддршка, го

08/04/2026
Македонија

МИЛИОНСКИ ПАКЕТ ОД САД ЗА ОДБРАНАТА, ЕНЕРГЕТИКАТА И ВО САЈБЕР-БЕЗБЕДНОСТА

08/04/2026
Македонија

Клучна битка за пациентите: Марјановиќ бара нов Закон за лекови

08/04/2026
Македонија

ГОТОВ Е ПРОЕКТОТ ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА ИНФЕКТИВНОТО ВО ВЕЛЕС Почетокот

08/04/2026
Македонија

Велев: Немаме медицински сестри за едукација, пациентите учат за дијабетесот

08/04/2026
Македонија

Македонија ќе купува течен природен гас од САД

08/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42276
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ НАОБЛАЧИ Mожни се минусни утрински температури

08/04/2026

Времето во четврток, 9 април, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието

ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОДИ НА ВТОРО ЧИТАЊЕ Текстот предвидува неколку суштински новини

08/04/2026

Со 81 глас „за” и ниту еден против или воздржан, Собранието на денешната 97. седница донесе одлука за проследување на

СДСМ ДИРЕКТНО ГИ КОЧИ РЕФОРМИТЕ, ВЕЛИ ЗНАМ „Наместо поддршка, го опструираат законот за јавно обвинителство“

08/04/2026

СДСМ директно ја кочи реформската агенда опструирајќи го предлог-законот за јавно обвинителство, обвинува движењето ЗНАМ. Наместо да дадат конструктивен придонес,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy