
71-годишник од Струмица со воздушна пушка пукал кон бензинска пумпа, каде биле складирани боци со плин!
СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’.
На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин.