
453 Бугари гласале вчера во Македонија за изборите во Бугарија
Најмногу во Скопје, дури 185 Бугари вчера излегле до избирачкото место за да гласаат на предвремените парламентарни избори, петти за две години во Бугарија, покажуваат податоците од Централната изборна комисија, анализирани од 4NEWS.mk
| Гласачко место | Гласачи |
| Битоля | 55 |
| Кавадарци | 36 |
| Охрид | 66 |
| Прилеп | 39 |
| Скопие | 185 |
| Струмица | 64 |
| Тетово | 8 |
| Вкупно | 453 |
Се уште нема официјални резултати од изборите во Бугарија, бидејќи во тек е паралелно пребројување на гласовите. Преминувањето од гласање со машина кон хартиените ливчиња, дополнително предизвика доцнење на целиот процес.
Според податоците до 7 часот, ова се резултатите од изборите во Бугарија, а прв на листата е Бојко Борисов односно ГЕРБ-СДС со 25,6%, а следуваат Продолжуваме со промените и Кирил Петков со 25,3%.
Нејасно е во моментов дали се можни изненадувања и промена на местата во декот на денот при обработени 100% од гласачките места.

