
45-годишна жена повредена откако „летнала“ вратата на орман на бандера!
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 17.05.2023, при изведување градежни работи во с.Радожда, струшко, машини на правното лице оштетиле кабли и настанал пожар во разводен електричен орман поставен на бандера.
Од пожарот кој избувнал во орманот и од притисокот била исфрлена вратата на орманот, при што со повреди се здобила Р.С.(45) од с. Радожда, а било оштетено патничко возило кое било паркирано во близина на орманот.
ФОТО: Илустрација