Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 30-дневен притвор за првоосомничениот во случајот со пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
Македонија

30-дневен притвор за првоосомничениот во случајот со пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор

19/09/2025

AA

Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одредил 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано со фирмата каде што во саботата избувна голем пожар во објект за електронски отпад во Трубарево. За останатите тројца осомничени судот одредил мерка куќен притвор.

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ според член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првиот осомничен, иако формално не бил управител на правниот субјект каде бил складиран отпадот, реално го организирал работењето, ги извршувал одлуките и бил одговорен за законитоста на работењето на фирмата и подружницата за рециклирање, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Истата истрага ги опфаќа и неговата ќерка како соизвршител, која формално била управител, како и тројца други осомничени – овластено лице-раководител на подружницата и две лица кои непосредно раководеле и обработувале отпадот надвор од дозволените простории.

На 13 септември објектот со отпад се запалил, пожарот се проширил на најголемиот дел од складираниот електронски отпад и на објектите на подружницата, предизвикувајќи масовно испуштање чад, пепел и гасови во воздухот. Мерењата на надлежните институции покажале високо ниво на загадување.

Јавното обвинителство нагласува дека продолжува истрагата за потенцијална одговорност и на други лица и се издаваат наредби за обезбедување докази по кои постапуваат надлежните органи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy