Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 24 годишниот внук на Али Ахмети не открива колкава е сумата за „Соравија“, неофицијално 30 милиони евра – вели чичко му имал 0% влијание
Македонија

24 годишниот внук на Али Ахмети не открива колкава е сумата за „Соравија“, неофицијално 30 милиони евра – вели чичко му имал 0% влијание

26/06/2023

AA

Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, преку медиумска конференција објави информација за купувањето на трговскиот центар „Соравија“, но не и за вкупната сума на договорот, кој се очекува да биде објавен во септември. Уверува дека за купување на овој објект не платил ниту цент, туку дека е повлечена кредитна линија од 6 милиони евра. Дрин Ахмети според овој договор ќе поседува 39 отсто од акциите. 51% ќе биде во сопственост на компанијата PE-VLA-KU, додека 10% ќе остане кај сегашниот сопственик Хано Соравија.

Внукот на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети ќе поседува 39 отсто од акциите на Т.Ц. Соравија. 51% ќе биде во сопственост на компанијата PE-VLA-KU од Албанија, додека 10% ќе останат кај сегашниот сопственик, бизнисменот Хано Соравија. Ниту една од страните не сакаше да ја открие вкупната сума на купопродажниот договор, иако се шпекулира дека станува збор за сумата од 30 милиони евра. Дрин Ахмети вели дека тој лично не дал ниту денар, а во партнерство со фирмата PE-VLA-KU повлекле кредитна линија од 6 милиони евра.

„Јас сум акционер со 39% во Соравија Инвест и 49% во Соравија Менаџмент. Соравија Менаџмент нема никаков имот, туку само управува со објектот како и досега. Додека Соравија Инвест го има имотот – зградата. 15.570 м2. Не сум придонел финансиски ниту цент. Не дека компанијата што ја застапувам нема можности, но така беше комерцијалниот договор. Ниту PE-VLA-KU како компанија нема придонесено со сопствени средства, туку добивме кредитна линија од банката“, ДРИН АХМЕТИ, АКЦИОНЕР.

Претставникот на компанијата PE-VLA-KU, Владимир Пјетерѓокај, рече дека има големи суми и големи средства во банката Крединс и затоа е прифатено неговото барање за кредит. Вели дека го познава Дрин веќе пет години.

„Односот со Дрин е дека тој е Албанец,  а и јас сум Албанец. Имаме заеднички пријатели, го познавам пет години. Тој е дел од мојот одбор за проекти во Италија повеќе од четири години“.

Во разговорот се вклучи и бизнисменот Хано Соравија, сопственик на комплексот Соравија. Тој рече дека прво немал сознанија од кое семејство доаѓа Дрин Ахмети, но дека верува во неговите способности.

„Да ви кажам искрено, не го знаев неговото презиме. Верував во неговото образование, верував во неговите преговарачки способности. Подоцна го дознав неговото презиме затоа што веруваме во личноста и не веруваме во политички врски“, ХАНО СОРАВИЈА, СОПСТВЕНИК НА Т.Ц. “СORAVIA”

Според информациите на Ахмети, долгот на компанијата во моментов е 20 милиони евра, а тие како акционери се обврзале да го покријат истиот. Тој уверува дека чичко му Али Ахмети нема врска со неговиот деловен живот, дури и гласините во медиумите му штетат на неговиот бизнис.

„Горд сум што го имам за чичко, но тој нема никаква врска со мојата работа. Ништо, нула! И ова, што  медиумите не го знаат, ми наштетува кај луѓето во мојата деловна мрежа“, ДРИН АХМЕТИ – БИЗНИСМЕН

За оваа набавка на внукот на Али Ахмети, последните денови имаше обвинувања од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, поставувајќи го прашањето како 24-годишниот Дрин Ахмети успеал да купи бизнис во центарот на Скопје вреден 30 милиони евра. .

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026
Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците

16/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
Македонија

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Сејф

16/02/2026
Македонија

Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел

16/02/2026
Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41533
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

16/02/2026

Роднини и пријатели на социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски (39) од Прилеп, кој исчезна во саботата попладне. „Син

СОБРАНИЕТО ЌЕ ОДРЖИ ОСМОМАРТОВСКА СЕДНИЦА Гаши им порача на пратениците да го почитуваат дигнитетот и

16/02/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши ги повикал координаторите на пратеничките групи да им пренесат на пратениците дека треба да го

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026

На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy