
2-годишно дете и мајка загинаа од повреди во нападот со автомобил во Минхен: Повредени уште 36 лица
Двегодишно девојче и нејзината мајка (37) починаа во болница, два дена откако беа повредени во напад во Минхен кога авганистански државјанин намерно влетал со своето возило во толпа луѓе, соопшти денеска германската полиција.
Во нападот што се случи во четвртокот се повредени 36 лица. Повредената девојка се здобила со повреди опасни по живот, објави Билд.
Осомничениот Фархад Н., вчера призна дека намерно влетал со автомобил во демонстрантите во Минхен, а надлежните органи утврдиле дека делото има исламистичка позадина, соопшти обвинителството.
Повредената учествувала на протест, а туркала дете во количка кога автомобилот влетал во толпата.
„Тој призна дека намерно налетал на учесниците на демонстрациите. Внимавам да донесувам брзи заклучоци, но врз основа на сите досегашни информации можам да кажам дека злосторството имало исламистички мотив“, рече обвинителката Габријела Тилман на прес-конференција во петокот.
Таа додаде дека нема докази дека осомничениот е поврзан со терористички организации како што е Исламската држава.
Инцидентот се случил во четвртокот околу 10:30 часот кога возачот на автомобилот забрзал, а потоа налетал на демонстрантите во Минхен кои се собрале на покана на синдикатот Верди.
Напаѓачот кој со автомобил влета во демонстрантите на улица во Минхен е идентификуван како Фархад Н, 24-годишен Авганистанец, кој во 2016 година дошол во Германија да побара азил, кој не му бил даден, но минатата година добил дозвола за престој.
Како што пренесува германски Билд, тој е роден во 2001 година во Кабул, Авганистан, а од неодамна живее во областа Лием во Минхен.