
16.000 ДЕНАРИ ПОВЕЌЕ ЗА ОСУМ ДЕНА: Пратениците веќе земаа повисоки плати
Пратениците веќе за само осум дена од минатиот месец на своите сметки добиле во просек по 16.000 денари плус, а ако нешто не се смени нивната плата во иднина би била околу 1.750 евра, а на министрите пак околу 1.850 евра, објави Телма.
Се чини дека меѓу државните функционери, без оглед на партиската боја има консензус кога станува збор или за партиските пари или како во овој случај – за енормното зголемување на платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд за укинување на замрзнатата основица. За ова имаше реакции во јавноста.