Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 153-та владина седница, ова се новите одлуки!
Македонија

153-та владина седница, ова се новите одлуки!

10/05/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за давање овластување на министерот за здравство, за потпишување Анекс за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Северна Македонија, како и на директорите, односно в.д. директорите на јавните здравствени установи, за потпишување анекси за изменување и дополнување на поединечните колективни договори.

Владата на Република Северна Македонија го овласти министерот за здравство да го потпише Анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност на Република Северна Македонија, со којшто се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за плата за месец март 2023 година.

Министерот за здравство ќе го потпише Анексот со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Северна Македонија, со што се овозможува зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството. Според образложението од Министерството за здравство, покачувањата од 3.000 денари, 2.500 денари или 2.000 денари се однесуваат на сите вработени во јавните здравствени установи.

Владата на Република Македонија ги овласти и директорите, односно в.д. директорите на јавните здравствени установи, да ги потпишат поединечните колективни договори, со коишто се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, почнувајќи со исплатата за плата за месец март 2023 година.

Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата за Анекс на Одлука на Европската комисија, за потпишување „Разбирање на високо ниво помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, за индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа во Република Северна Македонија“.

Владата го овласти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, да го потпише документот, што е предвидено да се случи следната недела во Црна Гора.

Со потпишувањето на овој Анекс, како што е образложено од Министерството за транспорт и врски, Коридорот 8 станува дел од мапата на главните коридори на Западен Балкан, во рамки на проширувањето на Транс-европските транспортни мрежи на Европската Унија.

Ова е овозможено, откако Европската Унија го прифати барањето на Северна Македонија, Бугарија, Италија и Албанија, Коридорот 8 да влезе во мрежата главни коридори во регионот и во Европа, препознавајќи го поврзувањето со Коридорот 8 од значење и за Северна Македонија и за регионот и за Европска Унија.

Целта на развојот на Транс-европските транспортни мрежи (ТЕН-Т) е обезбедување непречен, одржлив и ефикасен транспорт низ Унијата, зајакнувајќи го социјалното, економското и територијалното единство. А откако Европската комисија во декември 2021 година предложи ревизија, со цел да ги вклучи приоритетите од зелената агенда, стратегијата за одржлива и паметна мобилност и стратегијата за поврзување, донесена е одлуката за продолжувања на индикативните карти на ТЕН-Т на конкретни соседни земји, вклучително и на регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Северна Македонија, Србија и Црна Гора).

Индикативните карти на Транс-европската транспортна мрежа, продолжени до Северна Македонија, имаат за цел да обезбедат кохерентност помеѓу Транс-европската транспортна мрежа на ЕУ и транспортната мрежа на Северна Македонија; да промовираат соодветно планирање и развој на одржливо и ефикасно транспортно поврзување помеѓу ЕУ и Северна Македонија; олеснување на идентификувањето заеднички инфраструктурни приоритети меѓу ЕУ и Северна Македонија; олеснување на развојот на постојната транспортна мрежа.

На средбата, на којашто ќе биде потпишан Анексот помеѓу Северна Македонија и ЕУ, покрај министерот Бочварски, се очекува присуство на сите министри за транспорт во регионот, како и на претставници на Транспортната заедница и на Европската комисија, при што ваков анекс ќе се потпише меѓу сите држави од регионот и Европската комисија.

Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за подготовка на билатерален скрининг за Поглавје 19, предложена од Секретаријатот за европски прашања: Социјална политика и вработување, од Кластер 3 Конкурентност и инклузивен раст.

Во рамки на билатералниот скрининг за Поглавје 19, што се одржува денеска и утре во Брисел, претставниците на македонските институции ќе ја презентираат домашната законодавна и стратешка рамка во оваа област, институционалните капацитети и идните планови за понатамошно усогласување со европските стандарди во областите на трудово право, безбедност и здравје на работа, политиките за вработување, вклучително и вработувањето на младите, социјална заштита и вклученост, антидискриминација и еднакви можности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела

16/02/2026
Македонија

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и

16/02/2026
Македонија

ДЗС НА ТЕРЕН ВО ПОВЕЌЕ ПОПЛАВЕНИ РЕГИОНИ Граѓаните добиваат помош

16/02/2026
Македонија

ФОТО Камерата во Тетово покриена со платно е фотографија генерирана

16/02/2026
Македонија

ТРКА ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Советот на ЈО утре дава мислење

16/02/2026
Македонија

СКОПЈАНКА ПОСРЕДУВАЛА ПРИ ПРОСТИТУЦИЈА Тетовец ѝ давал на располагање простории

16/02/2026
Македонија

Исчезнат е Виктор од Прилеп, доколку имате информации пријавете!

16/02/2026
Македонија

НЕВРЕМЕТО НЕ СТИВНУВА Најкритично во Форино и во Кичево, службите

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41511
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела финалната верзија ќе биде доставена

16/02/2026

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во

Скопјанка организирала сексуални услуги во помошен објект во Тетово, и помагал 60 годишен маж

16/02/2026

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Ш.(40) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување

ДЗС НА ТЕРЕН ВО ПОВЕЌЕ ПОПЛАВЕНИ РЕГИОНИ Граѓаните добиваат помош за расчистување на куќи и

16/02/2026

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), во координација со локалните власти и населението, продолжува да интервенира по пријавите за поплави

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy