
11-годишни деца од Тетово си составиле лист со имиња на учениците и закани
Денеска (10.05) полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на психолог, педагог и родители извршиле службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава дека во тоалет во основното училиште во кое учат, оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани.
Известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот
