Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО ТРИЧЛЕНА ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА – Апасиев вели дека според последниот попис, повеќе од половина од семејствата во земјава се четиричлени
Економија

ЗОШТО ТРИЧЛЕНА ПРОСЕЧНА ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА – Апасиев вели дека според последниот попис, повеќе од половина од семејствата во земјава се четиричлени

12/04/2025

AA

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, реагираше на најавите од власта за формирање на просечна потрошувачка кошница, која ќе треба да задоволува потреби на тројца, а не на четворица граѓани.

„Според последниот корона-попис, повеќе од пола семејства во Македонија се ЧЕТИРИЧЛЕНИ. Но, премиерот вика дека се ТРОЧЛЕНИ! Епа сеа, или премиерот лаже, или пописот? Или и двајцата!?“, пишува на фејсбук Апасиев. 

А, како што е познато, веќе ќе нема минимална, туку просечна потрошувачка кошничка.

Нема да се однесува на потребите на четири, туку на три лица. Така што, државата отсега ќе пресметува колку пари треба да потроши трочлено семејство за да ги покрие основните потреби. 

засега не се знае што точно содржи, но она што е познато е дека во таа нова кошничка нема да влезат цигарите, алкохолот, вонсезонското овошје и одмор во странство. Тоа, според заменик министерот за економија, Марјан Ристески, е луксуз.

-Сигурно нема да се користи во пресметките акцизна стока како што се алкохол, цигари, летување во странство и така натаму, бидејќи тоа го сметаме за луксуз. Или пак, овошја коишто не се карактеристични за одредена сезона во годината. Сето ќе биде врз база на релевантни податоци од цените од релевантни производи коишто се користат сезонски, меѓутоа и податоци земени од повеќе маркети.

Ниту ни служи за креирање на јавно мислење, ниту за политика, туку за нас да ни даде насока како во иднина ќе ги спроведуваме сите економски политики во заштита на стандардот на граѓаните на Република Македонија – изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Кошничката ќе биде разгледана на економско-социјалниот совет и таму треба да добие зелено светло од синдикатите и работодавачите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026
Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за

28/08/2026
Македонија

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот

28/08/2026
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45302
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026

Системот „Безбеден град“ почна автоматски да ги детектира и мотоциклите кои се движат со брзина поголема од дозволената. Пронајдено e

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во

28/08/2026

По повод одбележувањето на 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА и

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот во Шуто Оризари

28/08/2026

Стевче Јакимовски речиси три недели бил хоспитализиран поради здравствени тегоби, а пред два дена е вратен во Казнено-поправната установа Затвор

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy