Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО СЕ НАМАЛИ ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ГЕРМАНИЈА – тие се, едноставно, прескапи
Економија

ЗОШТО СЕ НАМАЛИ ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ГЕРМАНИЈА – тие се, едноставно, прескапи

24/08/2024

AA

Продажбата на електрични автомобили во Германија слабее првенствено затоа што тие се скапи, а генерално – со некои исклучоци – многу поскапи од нивните братучеди на бензин, изјави експертот за автомобилска индустрија Фердинанд Дуденхофер во новата пазарна студија, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Дополнително, дилерите нудат помал попуст за и онака скапите е-автомобили отколку за автомобилите на бензин, па причините за промената на уделот се очигледни.

За истражување, Дуденхофер ги спореди цените, со попусти, на 20-те најпродавани модели на електрични автомобили и нивните бензински модели.

Ги зел предвид цените, односно попустите кои продавачите на нови возила ги рекламираат на интернет.

Просечната цена на е-автомобил е 45.040 евра, а попустот е 12,9 отсто, па купувачите на нови електрични автомобили во просек платиле по 39.236 евра.

Споредливите модели на бензин чинат во просек по 38.228 евра, пред попустот од 15 проценти. Со попустот, просекот паѓа на 32.355 евра, значи речиси 7.000 помалку од неговите браќа електрични.

Интересно е што германските производители на премиум автомобили, особено БМВ, одржуваат мала разлика во цената меѓу електричните и бензинските модели, истакна Дуденхофер.

Продавачите на поевтини автомобили, на пример Опел, размислуваат поинаку.

Така, на пример, електричната Corsa била 13.633 евра, односно 79 отсто поскапа од бензинската. Друг модел на Opel, Mokka, во е-варијантата поскапе за 9.411 евра или 35 отсто. Слично е и во понудата на Peugeot, Nissan и кинеските производители.

Со вакви цени „електричните автомобили остануваат прескапи за просечниот потрошувач“.

Така, во првите седум месеци од 2024 година, Opel и Peugeot продале само по еден електричен автомобил на секои 19 бензински автомобили во Германија. Учеството на е-автомобилите во продажбата од почетокот на годинава до крајот на јули изнесува 12,2 отсто.

Интересно е што е-автомобилите на BMW имаат удел од 16,7 отсто во продажбата, а слично е и со Мерцедес.

Дуденхофер го припишува ова на релативно малата разлика во цената помеѓу електричните и бензинските модели. На пример, електричниот BMW X1 е само 2.260 евра или шест отсто поскап.

Инаку, продажбата на е-автомобили е намалена од почетокот на годинава со истекувањето на државните субвенции за граѓаните и фирмите при купување на овие возила.

Feniks

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра, Мицкоски најави намалување на

05/07/2026
Македонија

Повреден пожарникар при гаснењето на големиот пожар кај „Рампа“ во

05/07/2026
Македонија

Петровска: Моето учество во „Разговори за Македонија“ е за доброто

05/07/2026
Македонија

До 18 часот вкупно 17 пожари низ Македонија

05/07/2026
Македонија

Брза реакција кај „Рампа“: Локализиран пожарот во Кисела Вода, повреден

05/07/2026
Македонија

Се запали магацин во Скопје, се слушаат пукотници

05/07/2026
Македонија

Трагедија во Србија: Двајца 18-годишни најдобри другари загинаа во тешка

05/07/2026
Македонија

Мицкоски најави поскапување на горивата: Дизелот со повисока цена за

05/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44183
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра, Мицкоски најави намалување на јавниот долг

05/07/2026

Министерството за финансии целосно ја исплати еврообврзницата издадена во 2020 година. Премиерот Христијан Мицкоски информираше за деталите од оваа финансиска

Повреден пожарникар при гаснењето на големиот пожар кај „Рампа“ во Скопје

05/07/2026

Еден припадник на Противпожарната бригада на Град Скопје е повреден и итно е пренесен на скопските клиники, по интервенцијата во

Петровска: Моето учество во „Разговори за Македонија“ е за доброто на СДСМ, предлозите за реформи

05/07/2026

оранешната министерка за одбрана и претседавачка на Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, преку објава на социјалните мрежи се осврна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy