Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО ПРЕКУ НОЌ ДРАМАТИЧНО ПОСКАПЕА МАКАРОНИТЕ И ШПАГЕТИТЕ НА „ДИВЕЛА“ – граѓаните шокирани, еве што велат познавачите
Економија

ЗОШТО ПРЕКУ НОЌ ДРАМАТИЧНО ПОСКАПЕА МАКАРОНИТЕ И ШПАГЕТИТЕ НА „ДИВЕЛА“ – граѓаните шокирани, еве што велат познавачите

08/08/2023

AA

Граѓаните кои деновиве отидоа да пазаруваат тестенини, особено оние кои ја преферираат италијанската марка „Дивела“, беа шокирани кога ги здогледаа полиците со нивното омилено јадење.

Имено, ако шпагетите и макароните на „Дивела“ се до скоро се продаваа по цени од 42 до некои 48 денари, сега имаат нова драстично зголемена цена, која се движи од 68 денари од пакување за половина килограм, и тоа во оние поевтините маркети, па до над 70 денари во оние полуксузните и поскапите. 

Тоа значи дека кај овој вид на тестенини имаме поскапување за над 50 проценти, односно за над 25 денари по пакување, а што е уште поинтересно, тоа зголемување на цените не се сличуваше постепено, туку буквално преку ноќ.

Потрошувачите се прашуваат што се случило и зошто овој производ, кој за многу посиромашни семејства се смета за една од основните прехранбени намирници, доживеа толку брзо и толку силно поскапување.

Инаку, во земјава нема домашно производство на тестенини, па нашите граѓани буквално зависат од увозните цени на овој производ. 

Фактор на оваа тема разговараше со Љупче Станковски, земјоделски аналитичар.

Тој вели дека тоа е позната шема на производителите, односно ако пченицата поскапекла на пример за 8 отсто, тие својот производ го зголемуваат за 28 проценти. 

Како причина за ова Станковски го наведува поскапувањето на пченицата на светскиот пазар, од 8 до 15 проценти, а според него, тоа се случило бидејќи на европските држави им е отежнат транспортот на украинската пченица.

„Да не се лажеме, 90 отсто од украинската пченица ја купуваа европските држави, и остатокот Турција и Израел. Сега, поради оштетувањето на некои транспортни коридори, отежнат е превозот на овој производ, што го поскапе на светскиот пазар. Сепак, треба да се знае дека на пазарот има доволно пченица во моментов, а приматот на најголем извозник го држи Русија, но европските земји не сакаат да купуваат од таа држава“, објаснува Станковски за Фактор. 

Прави споредба со тоа како зголемувањетои на цената на пченицата лани го искористија кај нас производителите на леб, и покрај тоа што во цената на готовиот производ тие имаат и струја, работна рака, превоз и слично. 

Инаку, конкретно, како што објаснува, нашите маркети кои ги продаваат овој производ, немаат никаква поврзаност со неговата зголемена цена, бидејќи и тие мора да работат со одредена пресметана маржа. Најчесто тие имаат еден главен снабдувач, а потоа производот го добиваат преку повеќе различни дистрибутери.

„Сега останува на граѓаните да го заменат тој производ со конкурентските, бидејќи е нормално тие да гледаат и да набавуваат тоа што им е најисплатливо“, објаснува Станковски. 

Инаку, во март годинава, Владата ги намали царинските давачки на тестенините. Тогаш се најави дека цените на макароните ќе се намалат за 15 проценти, само по основ на укинатите царински давачки за 8 до 9 проценти, рече тогаш министерот за економија Крешник Бектеши, образложувајќи ја Одлуката на Владата за намалување и замрзнување на цените на макароните и на шпагетите.

„Ги
анализиравме сите влезни трошоци за 500 грама макарони до цена во малопродажба
која е 49,3 денари. Ова е цена со увозните давачки за одредени видови на
макарони кои покриваат околу 70 проценти од пазарот. Без увозни давачки,
нивната цена ќе биде 41,8 денари, што значи само по основ на увозните давачки
цената се намалува за 7-9 денари и очекуваме дополнително намалување од неколку
денари поради замрзнатите маржи со претходнаат одлука“, рече Бектеши.

Но, одлуката за укинување на царинските давачки траеше за периодот од 13 март до 31 мај.

Инаку, „Дивела“ е познат италијански бренд за производство на тестенини. Како што може да се најде на интернет страницата на компанијата, првата мелница датира од 1890 година во Рутиљано, во провинцијата Бари, каде и денес се наоѓаат главните производствени капацитети и мелницата Ноикатаро.

Производството првпат започнало во фабрика за занаетчиски тестенини помеѓу 1910 и 1920 година, бидејќи тестенините и другите основни прехранбени производи биле домашно изработени. Оттука, во 1920-тите, Франческо Дивела и неговите деца, кои го наследиле раководството на компанијата, изградиле мелница за тврда пченица во близина во Ноикатаро. За време на темните години на Втората светска војна, рационирањето на брашно и тестенини наметна неверојатни тешкотии на нацијата. Сепак, фабриката за тестенини Рутиљано почна да ги регистрира своите први зголемувања во производството.

Н.Н.Ф.

Фото: Фактор

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Инвестиција во превенција, поддршка за заштита: ОКТА втора година по

22/06/2026
Македонија

Привремено ограничување на делница од патот Штип – Радовиш, еве

22/06/2026
Македонија

Седум лица приведени од вкупно девет пријави за семејно насилство

22/06/2026
Македонија

Барање за притвор по инцидент во тетовско – маж кршел

22/06/2026
Македонија

Сите осомничени во случајот со ФФМ обезбедени, Обвинителството продолжува со

22/06/2026
Македонија

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена

22/06/2026
Македонија

До 10.000 евра грант за сопствен бизнис: Отворен повик за

22/06/2026
Македонија

Мицкоски бара пониски цени во маркетите

22/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43875
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Инвестиција во превенција, поддршка за заштита: ОКТА втора година по ред ја продолжува иницијативата за

22/06/2026

Во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари на отворено, ОКТА и оваа година продолжува со активностите за

Привремено ограничување на делница од патот Штип – Радовиш, еве кога ќе важи!

22/06/2026

Возачите кои во вторник ќе патуваат на релација Штип – Радовиш треба да сметаат на привремена промена во режимот на

Седум лица приведени од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

22/06/2026

На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy