Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Зошто кога ќе се случи најлошото повторно никој не одговара“ – емотивен говор на млада демонстрантка на „Маршот на ангелите“
Македонија

„Зошто кога ќе се случи најлошото повторно никој не одговара“ – емотивен говор на млада демонстрантка на „Маршот на ангелите“

15/11/2025

AA

На денешниот „Марш на ангелите“ во Скопје, силно одекна говорот на млада демонстрантка која го сподели својот болен, но решителен повик за правда и промени по трагедијата во Кочани, во која животите ги загубија 63 млади луѓе.

Таа порача дека секое нејзино патување во Кочани е ново оживување на болката на семејствата. „Секој пат кога одевме во Кочани ја чувствував болката на овие родители, на нивните браќа и сестри кои стојат тука денес пред нас,“ рече таа, нагласувајќи дека загубата е немерлива, а тагата за иднините што никогаш нема да се исполнат е постојана.

„Како да сум ја споделувала секоја вечер на овие 63 млади луѓе, секој нивен план за иднината кој нема да се исполни,“ додаде демонстрантката. Иако вели дека врсниците не можат да се вратат, затоа се бори за иднината на својата генерација и на сите идни генерации.

Во својот говор таа ги постави прашањата што болат многумина во државата: „Зошто нашата држава повеќе личи на казна отколку на дом? Зошто растеме со страв наместо со надеж, и зошто кога ќе се случи најлошото повторно никој не одговара?“

„Системот молчи – 63 животи се изгубени. Не боли само болката, боли и индиферентноста на сите кои ги поминавме по улиците, а не искочија да застанат со нас,“ порача таа. Го осуди и однесувањето на институциите кои веднаш по трагедијата заминале на одмор, а потоа директно влегле во политичка кампања.

„Боли што некој помислил дека ова ќе се заборави. Боли што очекуваат да ја голтнеме неправдата како да е нормална. Но ова не е нормално – и нема да го прифатиме,“ истакна таа.

Во продолжение ги истакна причините поради кои маршира: „Тука сум не поради политика, туку поради совест. Не поради идеологија, туку поради човечност. Не поради револт, туку поради љубов кон мојата земја која заслужува подобро.“

Говорот заврши со силна порака која го понесе и собраниот народ:
„Сите ние заслужуваме подобро. Овие родители заслужуваат подобро. Затоа – за правда нема да молиме, за правда ќе се бориме!“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: Ни се закануваа дека ќе го срамнат Собранието и

10/09/2026
Македонија

Тензично на Советот на Кисела Вода: Бараа обезбедување по расправијата

10/09/2026
Македонија

Гоцевски за преговорите со ЈНА: Генерал ни кажа договорот да

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45630
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за водата со фекалии во Гостивар

10/09/2026

Поранешната директорка на Јавното претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ќе биде во куќен притвор, откако гостиварскиот суд ја замени мерката затворски

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно без терапија

10/09/2026

Пациентките кои се борат со рак на дојка повторно се соочуваат со недостиг на клучна онколошка терапија. Преку социјалните мрежи,

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026

Единаесетгодишниот пијанист Андреј Цековски оствари голем меѓународен успех со освојувањето на првото место на престижниот натпревар International Youth Music Competitions.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy