
„ЗОШТО ГО ПРАВИТЕ ТОА, НЕМА ЛОГИКА“ ги праша Путин властите во Киев
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека украинската армија е насочена кон станбени и хуманитарни објекти, иако, од воен аспект, во тоа нема никаква логика.
– Зошто непријателот цели нечии станбени згради? Нема логика. Зошто, зошто цели кон хуманитарни објекти? Нема воено оправдување за такво нешто – рече Путин, пренесе ТАСС.
Тој додаде дека Русија има многу пријатели ширум светот кои не потпаднале под притисокот на Западот, туку се водат од сопствените идеи за тоа што е добро, а што лошо за нив.
– Ова особено се однесува на хуманитарците, а голема работа е што имаме многу такви пријатели ширум светот – рече Путин, пренесува РИА Новости.