Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗОШТО Е ДОБРО ДА СИ ДИРЕКТОР ВО МОЌНА ШПЕДИТЕРСКА КОМПАНИЈА – ова е сумата на платите, наградите и осигурувањето исплатена на членовите на Бордот на „Фершпед“
Економија

ЗОШТО Е ДОБРО ДА СИ ДИРЕКТОР ВО МОЌНА ШПЕДИТЕРСКА КОМПАНИЈА – ова е сумата на платите, наградите и осигурувањето исплатена на членовите на Бордот на „Фершпед“

17/04/2025

AA

Мај е месец во кој котираните акционерски друштва
ги одржуваат своите редовни годишни акциомнерски собранија, а на нив се носат
бројни одлуки кои се интересни за инвеститорската заедница, но и за јавноста.

Седницата на Собранието на акционери ја свика и
познатата компанија „Фершпед“, а го определи и датумот, 22 следниот месец,
предвиден за акционерско изјаснување.

Ќе се разгледува и одобрува Годишната сметка, финансиските извештаи за 2024 година
ревидирани од овластен ревизор, како и Годишниот извештај за работењето за ланската година, ќе се носи одлука за распределба на
добивката за минатата година, одлука за исплата на дивиденда со дивиденден календар, ќе се
одобрува Извештајот
поднесен од неизвршните членови на Одборот на директори за резултатите од
контролата над управувањето со друштвото, Годишниот извештај за работата на Службата
за внатрешна ревизија, Консолидираната годишна сметка и Консолидираните финансиски извештаи, Годишниот извештај за работењето, одлука за одобрување на работата
на членовите на Одборот на директори, како и одлука за избор на членови на органот на управување. 

А, од документите кои ќе се разгледуваат, се откриваат и висината на платите, бонусите и другите бенефиции од членството во органите на управување на компанијата.

Како што е познато, лани Фершпед оствари добивка по оданочување од 1,79 милиони
евра. Овие пари конкретно, односно од ланската добивка, нема да одат за
дивиденда, туку поголемиот дел од нив, односно 1,3 милиони евра, ќе останат
како нераспределена, односно акумулирана добивка, додека, пак,
дел од околу 488 илјади евра, ќе се наменат како инвестиции.

Но, тоа не значи дека акционерите на Фершпед нема
да земат дивиденда. Бидејќи, на акционерското собрание ќе му се предложи да
одобри исплата на дивиденда од некоја останата добивка од многу одамна, уште од
2008 година, на
износ нецели 200 илјади евра, или прецизно 191 илјади евра.

Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 720 денари. Ќе се исплатува во готово, на
трансакциските сметки на акционерите.Дивидендата ќе се исплати во законски предвидениот рок, а најдоцна до 30 септември
годинава.

Акционерите ќе ја одобрат работата на членовите на Одборот на
директори на друштвото, а како што
објавува и самата компанија, тие се Штерјо Наков, кој е претседател на Бордот и неизвршен член, и кој на јавноста и е
познат како долгогодишниот прв човек на таа компанија, потоа Драган Наков, кој е извршен член и генерален директор на
компанијата, Анета
Лазарова, неизвршен член, Лидија Трајковиќ, неизвршен и независен член, како и Игор Митев и Иван Бошковски, кои се неизвршни членови.

На овие членови мандатот за кој се избрани ќе им истече заклучно со 17 мај оваа
гподина, па затоа на претстојното акционерско Собрание ќе се бира нов состав на
директорскиот борд, со мандат од 4 години, но имињата на новите членови засега
остануваат во тајност и ќе се знаат после Собранието на акционери.

На Неизвршните членови на Одборот на директори ќе им се исплаќа месечен паричен
надомест во нето износ од 20.000 денари по член.На претседателот на одборот ќе му
се исплаќа паричен надомест во износ од единаесет објавени просечно исплатени нето
плати по работник во стопанството во земјава.

Членовите потоа ќе одржат конститутивна седница на која од
избраните членови ќе изгласаат извршен член и Претседател на Одборот на директори.

Инаку, основната дејност на Фершпед е
останати придружни дејности во превозот, но врши и други дејности, како што се складирање, трговија со мешовита
стока и угостителство.

Во годишниот извештај од компанијата објавувбаат и
дека извршниот член
на Одборот на директори и Генерален директор Драган Наков истовремено членува и во органите на управување наХотели Метропол Охрид, Лотарија
на Македонија АД Скопје, Фершпед Брокер и Европа.

Вкупно на сите вработени, вклучувајќи ги и членовите на Одборот на
директори вработени во Друштвото во текот на 2024 година, на бруто основа им се
вкалкулирани 3,66 милиони евра за
плати, регрес, награди како и за други надоместоци од работен однос пропишани
со закон.

А, од годишниот извештај интересно е да се види и
колку плати и награди имале членовите на Бордот на директори.

Имено, лани била исплатена сума од 481 илјади евра по основ на бруто плати, награди,
осигурување и месечен надомест за учество во органи на управување на членовите
на Одборот на директори кои се вработени во друштвото.

Додека, пак, на останатите членови на Одборот на директори
кои не се вработени во друштвото, по основ на други примања како што се месечен надомест за учество во Органи на
управување, награди и примања по основ на осигурување, им биле исплатени 174
илјади евра.

Надоместоците на членовите на Одбор на директори по основ на членување
во органи на управување во други друштва за извештајната 2024 година во бруто износ
изнесувале 27 илјади евра, додека, пак, на член од Одборот на директори по основ на бруто
плата кај друг работодавач му биле 18 илјади евра.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026
Македонија

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство

07/09/2026
Македонија

Тошковски со детали за убиството во Чаир: Опфатени се познати

07/09/2026
Македонија

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови потврдуваат дека локалитетот

07/09/2026
Македонија

Град Скопје се пофали: Потпишавме договор, ќе имаме 3.300 нови

07/09/2026
Македонија

Случај „Државна лотарија“: Обвинителството најави 231 доказ, одбраната вели: Груби

07/09/2026
Македонија

Нискиот опфат на вакцинација го става Прилепскиот регион пред ризик

07/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45532
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик пронајден починат во затвор Идризово

07/09/2026

На 06.09.2026 во 05:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа-Затвор Идризово е пријавено дека во установата бил пронајден

19-годишна девојка загина во несреќа на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште

07/09/2026

На 06.09.2026 околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште,

Сиљановска-Давкова: По примерот на 1991 година, потребни ни се единство и консензус

07/09/2026

По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од неа, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy