Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ: Пресудата против ИРЛ е срамна, судијката оценила дека новинарите на ИРЛ всушност не се новинари и можат да се соочат со забрана за работа
Македонија

ЗНМ: Пресудата против ИРЛ е срамна, судијката оценила дека новинарите на ИРЛ всушност не се новинари и можат да се соочат со забрана за работа

10/11/2023

AA

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска остро реагира на објавеното писмено образложение на пресудата на судијката Јованка Спировска Панева, која одлучуваше во случајот „Фероинвест против ИРЛ“.

Според ЗНМ, пресудата за сторијата „Заговор против воздухот“ беше објавена на 24 октомври, а денеска стасало писменото образложение во кое се користат низа проблематични квалификации кои се граничат со цензура и закани за затворање на медиумот.

Освен ова, како што пишува ЗНМ, за колешката Цветковска, која е глобално наградуван новинар во дејноста за истражувачко новинарство, судијата Панева вели дека „таа во здружението (се мисли на ИРЛ), нема својство на новинар, па не може да се претставува во емисиите, кои таму се снимаат, ниту како уредник ниту како новинар бидејќи таквите емисии не се сметаат како новинарски продукт“.

Ова, според ЗНМ, може да се толкува како повик на Панева до извршната власт за институционална пресметка со критичните медиуми.

ЗНМ за оваа судска постапка ќе иницира пријава до Платформата на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите. Платформата известува за сериозни закани за безбедноста на новинарите и слободата на медиумите во Европа, а со цел да се зајакне одговорот на Советот на Европа на заканите и одговорноста на земјите членки.

Од ЗНМ велат дека за сторијата „Заговор против воздухот“, која исто така беше емитувана и на МРТВ, ИРЛ доби две новинарски награди, а Советот на честа и Советот за етика, по претходни претставки, донесе одлуки дека овој медиумски производ е во согласност со Етичкиот кодекс на новинарите.

Потсетуваат дека на 19. октомври поднеле претставка до Судскиот совет за судијката Спировска Панева за неправедно исклучување на јавност од рочиште за оваа судска постапка. Во претставката се бара одговорност од судијката за постапката, а од Судскиот совет на РСМ да поведе постапка за утврдување дисциплинска одговорност согласно доставените докази и посочените законски одредби против судијката Јованка Спировска Панева.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42410
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен 35-годишник

12/04/2026

Маж од кратовско е лишен од слобода откако пукал со огнено оружје кон возило на лице од Куманово, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy