Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗНМ и СЕММ со пријава до МВР за ширење на говор на омраза на Фејсбук страната на Канал 5
Македонија

ЗНМ и СЕММ со пријава до МВР за ширење на говор на омраза на Фејсбук страната на Канал 5

18/09/2023

AA

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по пристигнатите пријави од страна на колеги и колешки денеска ќе поднесат пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

Конкретно, станува збор за објава на веб страната Канал 5 од 17-ти септември, со наслов ,,Нервозен арачиновец убодел двајца жители на Аеродром и се обидел да прегази група луѓе!”, која потоа е проследена на Фејсбук страната на оваа телевизија, со коментар: ,,Повторно „албанофобија“ а сега од страна на ОЈО?“. На оваа објава споделени се голем број на коментари, а дел од нив со непримерен вокабулар и содржина која поттикнува говор на омраза и дискриминација на етничка основа.

Како новинарски и медиумски организации остро ги осудуваме сите коментари кои што повикуваат на насилство и стигматизираат цела етничка заедница.

Дел од коментарите се: ,,ортома племе дивајчко”… ,,Кој дивјаци се ш******, ама за сме си сами криви… едно општество за сите???”… ,,толку им сече ограничени се во мозоците”… и други.

ЗНМ и СЕММ бараат од МВР со внимателност да ги истражи заканувачките пораки, а кон оние профили кои се познати од страна на истражните органи да бидат повикани корисниците на распит и да се преземат соодветни мерки против нив.

Потсетуваме дека Основниот кривичен суд веќе има позитивна судска пракса со условни казни затвор кон сторители кои претходно имаат објавувано заканувачки пораки на социјалната мрежа Facebook, а по претходни пријави од страна на ЗНМ.

Истовремено, укажуваме дека етичка и законска обврска на секој професионален медиум е да внимава како информира посебно за теми кои лесно можат да поттикнат нетолеранција и дискриминација. Во спротивно, медиумите можат да  предизвикаат говор на омраза, етничка нетрпеливост, а тоа може да доведе и до други кривични дела од омраза.

Исто така, укажуваме дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) има судска пракса според која медиумите се одговорни за содржината на коментарите објавени под текстот на соодветната статија (Делфи АС против Естонија).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy