Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЖИТО ПОЛОГ“ ОБЈАВИ ГОЛЕМА ЗАГУБА, СЕ ЧЕКА ЛИ СПАСОТ ОД ПРЕЗЕМАЧОТ „ОРКА ХОЛДИНГ“ – што ќе донесе изменетата понуда за преземање
Економија

„ЖИТО ПОЛОГ“ ОБЈАВИ ГОЛЕМА ЗАГУБА, СЕ ЧЕКА ЛИ СПАСОТ ОД ПРЕЗЕМАЧОТ „ОРКА ХОЛДИНГ“ – што ќе донесе изменетата понуда за преземање

11/03/2024

AA

Тетовски „Жито Полог“ објави голема загуба за минатата
година. Цели 357 илјади евра е негативниот финансиски резултат со кој
компанијата ја завршила ланската
година,
откако само една година претходно, односно во 2022 година, работела позитивно и
прикажала добивка од 243 илјади евра.

А во време кога тетовскиот комбинат ја објавува својата
загуба, можеби спасот се очекува токму од понудувачот кој сака да ги преземе најголемиот дел од акциите, односно „Орка Холдинг“. Тоа го наведоа неодамна и од самиот Одбор на
директори на „Жито Полог“, од каде нагласија дека од оваа компанија очекуваат
да донесе развој, нови технологии и проширување на пазарите.

„Жито Полог“ во петокот ги објави своите финансиски
извештаи, а Билансот на успех говори дека во годината што измина, комбинатот
имал намелени и приходи, и тоа речиси преполовени, но и намалени расходи.

А, дејноста со која се занимава овој земјоделски комбинат
носи навистина добри приходи. Па така, тие во 2023 година изнесувале 3,83
милиони евра, и тоа е дури и многу помало, односно за цели 43 проценти пониско
од приходите што биле остварени во 2022 гподина, а кои изнесувале 6,74 милиони
евра.

Најголемиот дел од приходите кои биле остварени лани се
приходи од продажбата на домашниот пазар, и тоа 3,69 милиони евра, и кај нив
исто така е регистрирано намалување за 42 отсто.

Приходите од продажба на странските пазари, пак, се многу
помали, но кај нив е регистрирано и многу значајно потфрлање, и тоа за цели 67
проценти.

Се намалиле и оперативните расходи на компанијата, и тоа
за 41 отсто, со што тие изнесувале 3,91 милиони евра.

Па така, редовното работење довело до оперативна загуба
на компанијата од 314 илјади евра, а со малите суми на финансиски приходи и
расходи, загубата од редовното работење всушност стасува до 357 илјади евра.

Лани оваа компанија не исплати дивиденди, а наведуваат
дека инвестирале во основни средства, и тоа сума од 319 илјади евра.

Во своето образложение на финансискиот резултат навеле
дека вкупните единечни обрски по кредити изнесуваат 1,27 милиони евра, што е намалување
од 19 отсто во однос на претходната година.

Во образложението напишале дека „друштвото прави напори
за подобрување на финасиските резултати и одржување на ликвидноста, како и дека
во наредниот период ќе бидат превземени активност со цел изнаоѓање на нови
пазари, подобрување на квалитетот и асортиманот на производите“.

Инаку, пред неколку дена „Жито полог“ објави дека до нивниот Одбор на директори бил доставен изменет-
ажуриран  Проспект за преземање од преземачот Орка Холдинг
АД Скопје. Притоа, не се наведени детали во што се
состојат измените во однос на претходната понуда за преземање.

А, еве што кажаа од УО неодамна
околу понудата

„Како орган на управување
сметаме дека оваа понуда за преземање нема да резултира со намалување на
деловната активност, а со тоа и нха отпуштање на дел од вработените, тукуи ќе
доведе до нови технологии, зголемување на продуктивноста, проѓширтување на
пазарот, зголемување на асортиманот, што ќе придонесе не само за задржување на
веќе постѕоечлкиет рфаботни места и позиции, туку и ќе отвори нови мкожности, а
со тоа ќе се создадат и услови  за нови
вработувања.

Сметаме дека успешното
спроведување на преземањето ќе биде во корист на друштвото, неговото работење и
стратешки развпој, и во корист на вработените. Не се водени преговори во врска
со понудата за преземање меѓу органот на управување и Орка Холдинг како
преземач.

Преземачот Орка поседува
13.990 акции со право на глас, учествува во донесување стратешки одлуки и независно
ги формира своите одлукиу во врска со начинот на остварувбање на правото на
глас од акциите кои ги поседува.

Членовите на ОД на Жито
Полог Сашо Босилков, Катерина Дамјановска и Стојна Маџарева, не поседуваат
акции издадени од целното друштво.

Со постапката за ревизија
утврдена е вкупна актива од 677.660.470 денари, додека вјкупните обврски се
205.940.003 денари.

Книговодствената вредност
на акциите 8.402,78 денари по акција.

А, како што веќе пишуваше
Фактор, Орка Холдинг на средината на февруари, понуди дека сака да преземе уште 50
отсто од акциите на мелничко-пекарската компанија „Жито Полог“ од Тетово, за
сума од нешто повеќе од еден милион евра. Таква намера за преземање на
„Жито Полог“ оваа компанија достави до акционерите на компанијата уште во
ноември минатата година, а пред неколку дена за тоа ја доби потребната дозвола
од Комисијата за хартии од вредност.

Како што извести Комисијата за хартии од вредност, КХВ донела
решение со кое на друштвото „Орка Холдинг“ АД Скопје му се издава дозвола
за давање понуда за преземање на друштвото „Жито Полог“ АД Тетово. 

Доколку се има предвид дека понудата за преземање се однесува на
27.596 акции, и доколку за нив се нуди цена од 2.266 денари за акција, тоа
значи дека компанијата „Орка Холдинг“ нуди да плати 62,5 милиони денари или
1,02 милиони евра за купување на овие акции.

Со оглед на тоа што акционерското друштво „Жито Полог“ има
издадено вкупно 55.997 акции, а понудата за преземање се однесува на 27.596
акции, тоа значи дека „Орка Холдинг“ нуди да купи близу 50 отсто од акциите,
или конкретно 49,3 проценти.

А, според состојбата од Централниот депозитар за хартии од
вредност, „Орка Холдинг“ и во моментов е најголем поединечен акционер на
мелничко пекарската индустрија, бидејќи и сега во „Жито Полог“ поседува близу
25 отсто од акциите на компанијата, или конкретно 24,98 проценти.

Така што, доколку сите акционери до кои е доставена понудата, ја
прифатат, во тој случај „Орка Холдинг“ би поседувала околу 75 отсто од акциите
на тетовската компанија.

Што
од сите овие услови за кои претходно пишувавме е прифатено, не е познато, а ќер
се знае доколку тоа го објави компанијата чии акции се предмет на преземање.

А, според податоците од ЦДХВ, покрај Орка Холдинг, други акционери
во компанијата се самите „Жито Полог“, кои поседуваат сопствени акции од 20,6
проценти, потоа Тони Јосифовски, кој распполага со 19,86 проценти од капиталот
на мелничко пекарскиот комбинат, друштвото за реклами и маркетинг Лид
Комуникејшнс има 12,51 отсто, додека пак акционерот Ненад Јосифовиќ има во свој
посед 12,47 отсто од капиталот.И, најмал акционер со над 5,13 отсто е
градежната компанија Софија Градба. 

Основна дејност во “Жито Полог” АД – Тетово опфаќа
производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца. Поседува сместувачки
капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран
погон за добиточна храна за задоволување на потребите на сопствената живинарска
фарма.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy