
Жителка на Дебреше тешко повредена по удар во бандера
Триесет и петгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера наутро во гостиварското село Дебреше.
Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена во 07:00 часот. Жената, со иницијали А.А.Ш., управувајќи патничко возило „цитроен“ со гостиварски ознаки на регионалниот пат Гостивар – с. Градец, изгубила контрола и удрила во бандера.
Поради сериозноста на повредите, таа била итно пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.
