Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Жител на Трубарево возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка и повредени осумесечни бебиња и три други лица
Македонија

Жител на Трубарево возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка и повредени осумесечни бебиња и три други лица

09/08/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 57-годишен жител на село Трубарево за кривично дело „Загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинението, на 8 август, на локалниот пат меѓу селата Петровец и Долно Коњари, осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со истечена важност на сообраќајната дозвола, под дејство на алкохол и со брзина несоодветна на условите на патот.

Во еден момент изгубил контрола над возилото, навлегол во лентата за спротивен сообраќај и со предниот лев страничен дел удрил во автомобил „Шкода“.

Од судирот полесни повреди добиле возачот и четворица сопатници од „Шкодата“, меѓу кои и две осуммесечни бебиња. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложил мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во судот и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија, како и забрана за нејзино издавање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy