ЖИТАРИЦИ, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ, МАСЛО: Храната во светот поскапува
Храната во светот поскапува. Најмногу поскапеле маслото, шеќерот, житариците и млечните производи.
Индексот на цените на растителното масло се зголеми за дури 7,3 отсто и сега е највисок од ноември 2022 година.
Меѓународните цени на палминото масло поскапеа петти месец по ред, а поскапеа и сончогледот и маслото од соја, како и маслото од репка.
Индексот на цените на шеќерот порасна за 3,3 отсто месечно, односно е на највисоко ниво во последните 7 месеци поради загриженоста за сувото време во Бразил што ги нарушува изгледите за посевите на шеќерна трска.
Просечната вредност на индексот на цените на млечните производи се зголеми за 1,9 отсто на 139,1 поен во однос на истиот месец, особено поради растот на цената на сирењето, а вредноста на индексот на житарките за 0,8 отсто на 114,4 поени.
Светските цени на храната нагло се зголемија во октомври и сега се највисоки во последната година и пол, односно од април 2023 година, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Во септември годинава на светско ниво имаше поевтинуање на храната.
foto freepik.com