Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Жабур во второ финале по ред на Вимблдон и запиша рекорди после цела деценија
Спорт

Жабур во второ финале по ред на Вимблдон и запиша рекорди после цела деценија

13/07/2023

AA

Тунижанката Онс Жабур ќе игра во второ финале по ред на Вимблдон во женска конкуренција, откако со пресврт ја победи Алена Сабаленка со 6-7, 6-4, 6-3 во второто полуфинале и закажа битка за пехарот со Маркета Вондрушова која во првото полуфинале славеше во два сета со 6-3, 6-3 против Елена Свитолина.

Жабур стана првата тенисерка по цела деценија која на патот до финалето помина три ривалки од топ десет, а последна на која тоа и успеа беше Серена Вилијамс во 2012 година, а патем стана прва по деценија ипол и Марија Шарапова која успеала да дојде над 28 победи на најпрестижниот гренслем турнир.

За пресвртот се погрижи со многу подобра игра откако во тајбрејкот загуби и се најде во негатива, па на двата историски факти прододаде уште еден, како прва тенисерка која успеала да се врати по негатива од прв сет против ривалки од топ пет во четвртфинале и полуфинале, само втора на која вакво нешто и успеало после Жастин Анен во 2006 година.

Сабаленка откако го освои првиот сет, во вториот во петиот гем направи брејк и сѐ наликуваше на нејзина победа, ама Жабур во осмиот од првата брејк шанса возврати, па во десетиот дојде до нов брејк за да израмни во мечот.

Во последниот сет, Тунижанката во шестиот гем ја искористи третата брејк шанса за да ја скрши Сабаленка, а потоа не искористи две меч топки за нов брејк во осмиот гем, па уште две на свој сервис пред да го освои деветиот гем и да победи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
Македонија

СО ПЛОВЕЧКИ ФОТОВОЛТАИЦИ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ СТРУЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА

10/04/2026
Македонија

ВИДЕО Преспанското Езеро порасна за 90 сантиметри за шест месеци

10/04/2026
Македонија

УАПСЕНА ТИНЕЈЏЕРКА ЗА НАПАД ВРЗ ЖЕНА Викнала другарки и заедно

10/04/2026
Македонија

Најтешкиот момент е согласноста: Д-р Кузмановска за 4tv.mk ги објаснува

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ОТИШОЛ НА ГОСТИ, ПОЧИНАЛ ВО РАСИПАН ЛИФТ Истрагата ќе

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42359
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична пријава за Неовластено влегување и

10/04/2026

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против скопјанец за неовластено влегување во воени објекти и правење скици на воени објекти. „СВР

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица на Јабланица

10/04/2026

Безбедносните камери во селото Горна Белица, лоцирано на планината Јабланица, снимија голема мечка како се движи низ селото во раните

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО ВМРО-ДПМНЕ Мета му се заблагодари

10/04/2026

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, кој е во затворски притвор, во интервју искажа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy