Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗГРАДИ ИМААТ ПО 20.000 КВАДРАТИ, А ПЛАЌААТ ДАНОК ЗА 500!? Ѓорѓиевски открива големи злоупотреби со данокот на имот
Македонија

ЗГРАДИ ИМААТ ПО 20.000 КВАДРАТИ, А ПЛАЌААТ ДАНОК ЗА 500!? Ѓорѓиевски открива големи злоупотреби со данокот на имот

02/12/2025

AA

Има одредени индиции дека постои сериозна злоупотреба со проценките на данок на имот во Град Скопје, изјави градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека стручни служби веќе се влезени и испитуваат како на пример, одредени објекти наместо да плаќаат за површина од 20 илјади квадрати, плаќаат данок на имот само за 500 квадрати површина.

Ѓорѓиевски, во гостувањето во дневникот на Сител, изјави дека веќе имале неколку последователни состаноци со Управата за финансиска полиција, нагласувајќи дека „сериозно се занимаваат и со јавните претпријатија и состојбите таму, но и со состојбите во Градот Скопје“, изразувајќи надеж дека во наредниот период конечно ќе има исход од сите тие постапки коишто во минатото нанеле сериозни штети на јавните претпријатија и Градот Скопје.

– Проценките на данок на имот, има одредени индиции кај нас, да не бидам попрецизен и кажам дека имам сигурни информации. Има стручни служби и веќе се влезени да го испитуваат тоа, на пример, како на одредени објекти наместо да плаќаат за површина од 20 илјади квадрати во Градот Скопје, на некого му текнало во секторот, можеби насочен од некој друг, да се плаќаат само за 500 квадрати површина данок на имот. Тоа е сериозна злоупотреба и на крајот на денот сметката за тоа ја плаќаме сите ние, граѓаните, изјави Ѓорѓиевски.

Има, нагласи Ѓорѓиевски, многу ниска наплата на данок на имот и најави дека од наредната година започнуваат со проект за нова репроценка на данокот на имот.

– По она што го имаме како првична информација околу 40 милиони евра на годишно ниво се загубите, што се енормни загуби на ниво на Град Скопје, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски, исто така, рече дека денска имал средба и со стопанствениците на ресторани и кафеани во Градот Скопје и дека над 95 проценти од сопствениците на локали пет години наназад не им биле регулирани односите за користење на локалите.

– Едноставно, системот не функционирал. Затоа недостасуваат и средства во буџетот, затоа е состојбата алармантна не само со јавните претпријатија, туку и со Градот Скопје во однос на финансиите, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски, меѓу другото, изрази убеденост дека може градот да го исправат на здрави нозе и нагласи дека не работи сам и оти има сериозно добар тим, што е зад него и помага.

Во однос на 500-тината вработени на кои им го прекина работниот однос првиот ден како градоначалник, Ѓорѓиевски рече дека тоа граѓаните ги чинело годишно околу пет милиони евра што значи дека „губеле по два Луна парка во еден градоначалнички мандат“ со оглед дека новиот Луна парк, за кој тендерот ќе биде распишан до петок како што претходно најави, ќе чини околу 10 милиони евра.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УСТАВНАТА СУДИЈКА ЈАДРАНКА ДАБОВИЌ-АНАСТАСОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Уставниот суд останува со

03/12/2025
Македонија

УШТЕ ФИЛИПЧЕ ЗБОРОТ НЕ ДОРЕЧЕ… Сите членови на ИО на

03/12/2025
Македонија

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН КОН ГРЦИЈА Грчките земјоделци вечерва

02/12/2025
Македонија

Се огласи и Костадинов: Одлуката на СДСМ за оставки ја

02/12/2025
Македонија

🎥 СО ВРЕСКАЊЕ И ПИСКАЊЕ ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИКОТ НА „РАСПУШТЕНИТЕ“ КРАВИ

02/12/2025
Македонија

Не излегувајте: Скопје вечерва е 19-ти најзагаден град во светот!

02/12/2025
Македонија

ЗГРАДИ ИМААТ ПО 20.000 КВАДРАТИ, А ПЛАЌААТ ДАНОК ЗА 500!?

02/12/2025
Македонија

Раководството и сите членови на Извршниот одбор при СДСМ поднесоа

02/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38408
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УСТАВНАТА СУДИЈКА ЈАДРАНКА ДАБОВИЌ-АНАСТАСОВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Уставниот суд останува со 7 члена

03/12/2025

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе неотповиклива оставка до претседателот на Собранието Африм Гаши, а за тоа се изветени сите пратеници,

УШТЕ ФИЛИПЧЕ ЗБОРОТ НЕ ДОРЕЧЕ… Сите членови на ИО на СДСМ си дадоа оставки

03/12/2025

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар,

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈОТ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН КОН ГРЦИЈА Грчките земјоделци вечерва ги тргнаа блокадите

02/12/2025

Од 21:00 часот вечерва блокадите на Граничниот премин „Евзони“, за влез и излез кон Република Грција се отстранети и сообраќајот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy