Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Земал 15.000 евра камата за заем од 35.000 – пријава за лихварство и фалсификати
Македонија

Земал 15.000 евра камата за заем од 35.000 – пријава за лихварство и фалсификати

06/08/2025

AA

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.В. (39) од селото Неготино, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела: „лихварство“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „фалсификување на исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Исто така, кривично се пријавени и Ј.Д. (48) од село Добри Дол, како и правно лице – нотар од Гостивар, за кривични дела „несовесно вршење на службата“, „фалсификување на исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Според информациите, во периодот од 2022 година до денот на поднесување на пријавата, Т.В. ја искористувал тешката имотна состојба на оштетено лице од Гостивар, на кое повеќепати му позајмувал пари со несразмерно висока камата. За заем од 35.000 евра, побарал камата од 15.000 евра за една година, а потоа секој месец дополнително му барал по 3.000 евра. Бидејќи оштетениот не можел да ги исплати средствата, Т.В. со закани и присила го натерал да потпише договор за купопродажба на имот, кој бил нотарски заверен.

Понатаму, на 27 септември 2023 година, пријавениот Т.В. изготвил фалсификуван договор за купопродажба на моторно возило кај нотар, во време кога оштетениот бил надвор од државата. Второпријавениот Ј.Д., како овластено лице на нотарската канцеларија, без присуство и без согласност од оштетениот, злоупотребил лични податоци и заверил лажен договор во кој е наведено дека возилото се продава на И.А. од Гостивар за 1.000 евра.

Полицијата презема натамошни мерки во координација со надлежното обвинителство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy