
Земјотрес во Македонија, се тресеше во источниот дел
Слаб земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала, го потресе утрово источниот дел на Македонија. Епицентарот бил во близина на Пехчево и Берово, на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почувствуван и во другите околни градови, а не е причинета материјална штета.
