
ЗЕМЈИ СО ВИСОКИ ПЛАТИ: Примањата се над европскиот просек
Во неколку земји на континентот, платите се над европскиот просек.
Според Евростат, лани годишните нето плати во Европската Унија(ЕУ) се движеле од 11.074 евра во Бугарија до 50.410 евра во Луксембург, а просекот на Унијата бил 29.573 евра, пишува Еуроњуз.
Податоците се однесуваат на самци без деца кои остваруваат 100 отсто од просечната плата. Помеѓу трите држави на ЕФТА, Швајцарија води со најголема нето заработка – 85.631 евро, а потоа следи Исланд со 57.573 евра. Норвешка е петта со 47.232 евра, а потоа следат Данска (43.913 евра), Финска (36.877 евра) и Шведска (36.147 евра), сите над европскиот просек.
Во рамките на ЕУ, по Луксембург се Холандија (47.892 евра) и Ирска (46.208 евра) со најголема нето заработка. Но, земји како Италија (24.797 евра), Шпанија (24.571 евра) и Грција (18.709 евра) се значително под просекот. Источните членки Романија (12.655 евра), Бугарија (11.074 евра) и Унгарија (13.883 евра) имаат најниски нето плати во Унијата, а Турција (11.440 евра) е само малку над Бугарија.
Од четирите најголеми економии на ЕУ, Германија има најголема нето заработувачка (39.594 евра), потоа следи Франција (32.354 евра), додека Италија и Шпанија, и двете со нешто под 25.000 евра, заостануваат зад просекот.
foto freepik.com