Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Земјата плаче а небото се радува, одлучи да не го оставиш Андреј сам“ – пријателите и обожаватели се простуваат од Панчо
Македонија

„Земјата плаче а небото се радува, одлучи да не го оставиш Андреј сам“ – пријателите и обожаватели се простуваат од Панчо

14/10/2025

AA

Македонската музичка сцена тагува по ненадејната смрт на Владимир Блажев – Панчо, член на познатото дуо ДНК. Веста за неговото заминување остави силен белег меѓу неговите колеги, пријатели и обожаватели, кои преку социјалните мрежи упатуваат потресни пораки на збогување.

Меѓу најемотивните беше реакцијата на пејачката Елена Ристеска, која со години беше блиска со Панчо и соработуваше со него на многу музички проекти.

„Ах бре Пане, ме скрши на милион парчиња! Не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина… Ми беше брат кој никогаш го немав! Со кого сега да се смеам, кога нашите шали само ние си ги разбиравме!? Со кого сега да седам на клупи во маало и да си зборувам со саати?!… До следно видување, таму горе, каде нема вакви неправди и болка“, напиша Ристеска, споделувајќи фотографии и спомени од нивното пријателство.

Со болка и неверување се прости и водителката Лила Филиповска, која Панчо го нарече свој „кум“. Таа објави заедничка фотографија и напиша:

„Куме барам зборови, немам зборови со кои би опишала како ја доживеав оваа вест …. Сѐ уште не верувам дека твоето ГОЛЕМО срце не издржа. Ова што го пишав на сликава пред неколку месеци верував дека така и ќе биде…, ама ти куме одлучи да не го оставиш Андреј сам…, земјата плаче а небото се радува зошто доби уште еден ангел. Пејте заедно и знајте дека вечно ќе фалите.“

Порака на збогување упати и Сергеј Цетковиќ, кој во емотивна објава напиша дека Панчо за него бил брат:

„Од првиот ден те гледав како брат. Имавме многу планови, многу идеи… Патувај, брате мој, нека те водат ангелите на подобро место.“

Од Панчо се простија и бројни македонски јавни личности. Јован Јаулески напиша дека Панчо бил човек со големо срце и насмевка што никогаш не згаснува, а Влатко Ѓорчев потсети дека тој бил посветен татко и сопруг, човек кој оставил длабока трага кај сите што го познавале.

„Беше добар човек, сопруг и татко на две деца. Нека му е лесна земјата,“ напиша Ѓорчев.

Смртта на Панчо Блажев остави празнина во македонската музика и кај сите кои го познаваа не само како уметник, туку и како пријател, брат и човек со големо срце.

Неговата музика и насмевка, велат пријателите, ќе живеат вечно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy