Зеленски побара брза испорака на тенковите што ги вети Западот
Во своето традиционално ноќно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски побара брза испорака на тенковите што ги вети Западот.
Повикот доаѓа откако САД и Германија објавија дека ќе испратат 31 Абрамс и 14 тенкови Леопард.
Се очекува да поминат месеци пред западните тенкови да бидат на линијата на фронтот. Соединетите Американски Држави објавија дека нема вишок тенкови во американската војска, а таквите мора да се купат од приватни сопственици или од други земји.
Германските тенкови Леопард ќе бидат обезбедени од Бундесверот. По тешката одлука што ја донесоа сојузниците, одбележана со долги дебати, сега имаат ново барање од Украина – Западот да испрати ракети со долг дострел и борбени авиони. Веќе постои тенковска коалиција, рече Зеленски.
„Клучот сега е брзината и количината. Брзината на обука на нашата војска, на залихи. Количеството тенкови. Мораме да формираме тенковска тупаница чиј удар нема да дозволи тиранијата повторно да се крене. Важно е да има напредок во другите аспекти, како и од нашата одбранбена соработка. Зборував со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и треба да го отклучиме снабдувањето со ракети со долг дострел, снабдувањето со авиони. Ова е и сон и важна задача“, рече исто така украинскиот претседател.