
Зеленски: Цело семејство во регионот Суми загина по напад од руско беспилотно летало
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека цело семејство загинало во регионот Суми кога руско беспилотно летало удрило во нивниот минибус.
Зеленски на својот Фејсбук профил објави дека во нападот загинале девет лица, а седум лица се повредени, пренесе Укринформ.
Повредените, како што рече, се здобиле со изгореници и скршеници и во моментов сите се хоспитализирани.