
ЗАВРШИ БЛОКАДАТА КАЈ БАИР Сообраќајот сè уште пренасочен, „Македонија Пат“ ги отстранува препреките

Јавниот собир над населбата Баир во Битола заврши вечерва во 18:20 часот, по што започна расчистување на поставените препреки, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од АМСМ соопштија дека сообраќајот сè уште се пренасочува, додека екипи на ЈП „Македонија Пат“ се на терен и работат на целосно отстранување на блокадите и нормализирање на сообраќајот.
Засега нема информации кога сообраќајот ќе биде целосно пуштен во двата правци.
.

