Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Затвор за државјаните на Македонија кои лани беа уапсени за кражби на луксузни автомобили на Халкидики
Магазин

Затвор за државјаните на Македонија кои лани беа уапсени за кражби на луксузни автомобили на Халкидики

05/09/2024

AA

 Четворицата државјани на Северна Македонија кои лани беа уапсени и обвинети дека се членови на криминална група која крадела луксузни автомобили од странски туристи на Халкидики, се осудени на затворски казни во Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објави МИА на почетокот на септември минатата година, грчката полиција разби криминална организација во која биле вклучени шест лица, сите македонски државјани, кои се товарат за 19 кражби на луксузни автомобили на Халкидики, во вредност од над еден милион евра, при што двајца од обвинетите сè уште не се уапсени, но се идентификувани.

Тричлениот кривичен суд во Солун, на тројца од обвинетите им одредил казна од 12 и 14 месеци затвор, додека пак четвртиот добил затворска казна од осум години и десет месеци, кој според пресудата бил задолжен да влегува во туристичките објекти и да ги краде клучевите од автомобилите. 

За учество во иста криминална група се гонат уште две лица, а меѓу нив, според АНА-МПА е и „мозокот“, но со оглед на тоа што не се уапсени, ќе им се суди откако ќе бидат фатени.

Грчката новинска агенција пишува дека според судската одлука, осудените ги носеле украдените возила во областа Еордеја кај Кожани, од каде друг соучесник ги преземал и преку скриени премини ги пренесувал во Северна Македонија.

Токму затоа, судот ги ослободил тројцата „возачи“ од делото тешка кражба и побарал да се гонат за прекршокот примање производ од кривично дело.

– Фативте погрешен човек, рекол, според АНА-МПА, обвинетиот на кој му беше изречена највисоката казна, а останатите негирале вмешаност во случајот.

Како што лани објави МИА, едниот од уапсените бил откриен во регионот на Халкидики од полицајци од станицата во Полигирос, додека возел украдено возило од странски државјанин, одземено по провала во туристички објект на Халкидики, по што започнала истрага при која биле откриени и другите уапсени лица, кои се обиделе да преземат украдено возило кое нивни соучесник во претходниот период го украл од регионот на Халкидики, а намерата била да го пренесат во странство.

Во однос на методологијата, од грчката полиција тогаш објаснија дека членовите на организацијата првично ги лоцирале луксузните возила на туристи на Халкидики, потоа упаѓале во куќите со цел да ги земат клучевите за потоа да ги украдат возилата.

Секој од членовите имал конкретна улога, што се однесува на координација на криминалната организација, лоцирање на возилата, вршење на кражбите и транспортирање на автомобилите во странство. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy