Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот
Економија

„Затекнуваме држава во хаос, буџет кој е список на желби, економијата е во клиничка смрт“: Димитриеска Кочоска за ребалансот на буџетот

17/07/2024

AA

Намалување на економскиот раст во тековната 2024 година, од планираниот 3,4 отсто на 2,1 процнет, но и прераспределба на неискористените средства. Доспеани, но неисплатени обврски, кредитни обврски кон меѓународни институции кои се неисплатени, штети за судски решенија и многу други проблеми посочи новата министерка за финансии, Гордна Димитриеска Кочоска на денешната пресконференција.

– Прв пат се обраќам до вас како министер за финансии, и
тоа за најважниот документ на оваа инситуција.

Најпрво сакам да информирам дека лошата ситуација и
лошото менаџирање со државните пари ги надмина нашите очекувања. Во овој период
додека се подготвуваше ребалансот, отворив многу прашања и добивав многу
непријатни изненадувања.

Ветив дека ќе бидам секогаш искрена пред граѓаните, така
и ќе биде. Пред да ги посочам најважните работи, ќе кажам дека затекнуваме
состојба која значи држава во хаос, буџет кој е список на желби, место креиран
развој, предименизонирани плаќања, економијата е во клиничка смрт – кажа Кочоска и упати благодарнсот до колегите кои макотрпно работеле ден и ноќ, за да ги имаат сите пдатоци.

Таа посочи дека растот на домашниот БДП е
ревидиран надолу на 2,1 процент од првично планираните 3,4 отсто раст.

– Остварувањата од првиот квартал, и одредени индикации за
втор квартал, покажуваат дека проектираниот БДП е неостварлив. Инфлацијата е
проектирана на 3,5 проценти, додека растот на нето платата е на 13 процнети.

Во првиот квартал економската активност имаше раст од 1,2
проценти, со што продолжи од претходни кватали со низок просечен раст.  Индустирскиот сектор има пад од 1,2 проценти, градежната активност пад од 2,5 отсто. Земјодскиот сектор има двоцифрен пад од 19,7 проценти, по
пад од 15,3 претходниот квартал. 
Нето извозот има негативен придонес врз економскиот раст
во првиот квартал од 2024 година. Извозот на стоки има пад од 21,6 проценти во
мај. 
По слабото движење во 2023 година, и првиот квартал од 2024
година, што беше причина за ревидирање на 2,1 процент – нагласи Кочоска. 

Таа дополни дека растот би требало да го движи домашната побарувачка, а
нетоизвозот ќе има негативен придонес врз растот. Во текот на втората половина
се очекува забавување на инфлациајта, стабилизација на цените на храната и
енергенсите.

Кочоска укажа дека вкупно 4,1 милијарда денари за плати и 5 милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот. Потоа посочи дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е и зголемување на даночните приходи од сопствени сметки. Расходите се планирани на 362 милијарди 816 милиони денари што е зголемување од 19,178 милијарди денари.

Првично проектраниот БДП, потенцира, е неостварлив. Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5 отсто, а растот на нето платата за 13 проценти.

Според министерката, со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати од кои 1,1 милијарда за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Во дел од институциите, како што рече Димитриеска Кочоска, имало предвидени плати само до јуни.

– При подготовката на ребалансот се тргна од претпоставките колку средства може да се прераспределат од ставки кои бележат слаба реализација. Со прераспределбата се обезбедени 20 милијарди денари, а дополнителни 11 милијарди денари се планирани за покривање на доспеаните обврски и обврски кои биле законски, а не биле планирани. Тоа резултира буџетскиот дефицит да се зголеми за 11,156 милиони денари – истакна Димитриеска Кочоска.

Од 2024 до 2028 државата само по основа на камати треба да исплати 1,800 милијарди евра.

Кочоска потенцираше дека секоја
институција треба да знае дека за средствата кои им стојат на сметките се земаат кредити за кои се плаќа годишна камата. Истакна дека треба секоја институција да ги провери своите сметки, и да ги користи средствата
според потребите, за да се намали теретот врз буџетот.

Истакна исто така дека се одредени неколку насоки за буџетските корисници, но и посочи дека според сегашните информации буџетот е оштетен за високи 32 милијарди. 

Фото: Принтскрин/Јутуб

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од утре стабилно време, во вторник можен локален дожд

22/02/2026
Македонија

Нов видео канал 4TV.mk – медиум за луѓето, не за

22/02/2026
Македонија

СПАС ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ: Македонските возачи на чекор до статус „професионалци“

22/02/2026
Македонија

ГУЖВА НА КРСТОСНИЦА? Внимавајте, дури и „зеленото“ светло може да

22/02/2026
Македонија

ЗА САМО ЕДЕН ДЕН РАЗРЕШУВАЛЕ „НЕПОДОБНИ СУДИИ“ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини

22/02/2026
Македонија

Просечната нето-плата во декември достигна 46.889 денари

22/02/2026
Македонија

Центар најскап, Чаир најевтин: Нови податоци за цените на становите!

22/02/2026
Македонија

ПРОЧКА, ПРАЗНИК НА ПРОСТУВАЊЕТО Побарајте прочка и простете

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41767
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од утре стабилно време, во вторник можен локален дожд

22/02/2026

Променливо облачно со сончеви периоди. Во северозападните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a

Нов видео канал 4TV.mk – медиум за луѓето, не за сензациите

22/02/2026

Во свет каде што медиумскиот простор е преплавен со гласните говори на политичарите и брзите, честопати површни сензации, вистинските човечки

СПАС ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ: Македонските возачи на чекор до статус „професионалци“ во Брисел

22/02/2026

Додека новиот европски систем ЕЕС виси како „Дамоклов меч“ над транспортниот сектор, вицепремиерот Александар Николоски најавува три можни сценарија за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy