Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Запознајте го првото виски со македонска етикета
Македонија

Запознајте го првото виски со македонска етикета

02/02/2024

AA

Вискито отсекогаш било симбол за престиж и префинет вкус, „вода за виталност“ на познатитe, омилен алкохол на хедонистите. Овој жесток пијалак, еден од најбараните во светот, конечно ќе добие и македонска етикета.

Првото македонско виски станува реалност, а ограничени количества „сингл малт“ (Single malt) и бурбон (Bourbon) ќе бидат достапни до крајот на годината.

„Станува збор за дестилиран алкохолен пијалак направен од ферментирана зрнеста каша или со дестилирање пиво, па идејата за првото македонско виски датира уште од 2009 година, кога почнавме да произведуваме пиво“, вели бизнисменот Пане Темов, креаторот на оваа бизнис-приказна.

Темов првично имал идеја да изгради дестилерија во Дојран, на самата граница со Грција, каде што поседувал земјиште. Сепак, по ковид-пандемијата се откажал од таа инвестиција тешка 150 илјади евра и одлучил првото македонско виски да биде тимски проект.

Првото македонско виски ќе се полни во шишиња со етикети специјално дизајнирани од етаблирани локални уметници. На пазарот ќе дебитираат со „сингл малт“ (Single malt), виски што се прави само во една дестилерија комплетно од слад. Станува збор за ‘ртена житарка, најчесто од јачмен, која освен за производство на виски, се користи и за правење пиво и други алкохолни пијалаци.

Читај повеќе на Блумберг Адриа

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов алармира: Риболовци палеле оган крај Треска среде сезона на

17/08/2026
Македонија

Пожарот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, зафатени куќи

17/08/2026
Македонија

Дел од бензинските во Скопје не продаваат дизел, го чекаат

17/08/2026
Македонија

Проширена истрагата за шверц на марихуана во Србија: Нови седуммина

17/08/2026
Македонија

Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции, август и септември историски

17/08/2026
Македонија

Јован, херојот од „Пулс“ добитник на наградата „Младинска храброст 2026“

17/08/2026
Македонија

Македонија официјално потврди присуство на Евровизија 2027 во Бугарија

17/08/2026
Македонија

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за

17/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45068
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов алармира: Риболовци палеле оган крај Треска среде сезона на пожари

17/08/2026

Додека надлежните служби со денови водеа борба со огнените стихии низ Општина Македонски Брод, директорот на Дирекцијата за заштита и

Пожарот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, зафатени куќи

17/08/2026

Пожарот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според првичните

Дел од бензинските во Скопје не продаваат дизел, го чекаат новото поскапување

17/08/2026

Дел од бензинските пумпи во Скопје прекинаа со продажба на дизел гориво, во пресрет на новото поскапување што стапува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy