
Започна невремето во Македонија: Зафатени Малешевијата и Осоговските планини, кон каде се движи?
Нестабилна облачност од стационарен карактер во Малешевијата и Осоговските планини кој даваат грмежи и врнежи од дожд.
Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
И во Скопската Котлина денес попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.