Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започна дводневната АмЧам Конференција посветена на дигиталната трансформациja и сајбер безбедноста
Македонија

Започна дводневната АмЧам Конференција посветена на дигиталната трансформациja и сајбер безбедноста

15/11/2023

AA

Денес започна дводневната конференција „Градење на сајбер-отпорни организации“ иницирана од страна на Комитетот за дигитална трансформација при Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам). На конференцијата ќе учествуваат голем број експерти за сајбер безбедност и активни чинители во сферата на дигиталните трансформации од јавниот и приватниот сектор, со цел споделување знаење и најдобри практики во развојот на сајбер-отпорни организации.

Конференцијата ја отвори претседателот на Бордот на директори на АмЧам Северна Македонија, Драган Давитков, кој истакна дека градењето на отпорни дигитални системи не е избор, туку неопходност со цел да се обезбеди функционалност на модерното општество – на локално, регионално и глобално ниво. Притоа, секое дигитално решение мора да биде проследено со соодветна и проактивна безбедносна стратегија.

Работниот дел започна со предавањето на Бранко Приметица, партнер во Cedars International, кој што зборуваше за потребата од проактивност во унапредувањето на сајбер безбедноста. Тој го објасни проактивниот пристап како навремено идентификување и корегирање на слабостите во дигиталните системи пред тие да бидат експлоатирани од страна на сајбер-напаѓачите. Тој цитираше истражување на „Економист“, според кое организациите што применуваат проактивен пристап забележуваат дури 53% помалку сајбер напади. Впрочем, „секогаш повеќе чини опоравувањето од сајбер-нападите, отколку инвестициите во сеопфатна, проактивна програма за сајбер-безбедност“ – заклучи Приметица.

Конференцијата продолжи со панелот „Стратегија за дигитализација и сајбер безбедност на Северна Македонија“, во која учествуваа: Славица Грковска, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење; Азир Алиу, Министер за информатичко општество и администрација; и Јетон Акику, директорот на Агенцијата за електронски комуникации.

На панелот беа претставени заложбите и планираните реформи на државата за забрзување на дигиталната транформација во јавниот сектор, истовремено осврнувајќи се на мерките кои се преземаат во одржувањето и заштитата на имплементираните дигитални системи.

Следно беше предавањето на Емили Хардинг од Вашингтон, САД, инаку виш соработник и заменик директор на Програмата за меѓународна безбедност на CSIS. Таа зборуваше на тема: „Градење на сајбер отпорност во дигиталниот свет“, истакнувајќи дека организациите треба да размислуваат во насока на транзиција од кризен менаџмент кон градење на флексибилна системска отпорност во сајбер безбедноста. Притоа, Хардинг ја дефинираше отпорноста како способност на организациите да ги предвидуваат, да ги издржуваат, да се опоравуваат и да се адаптираат во однос на сајбер нападите. Таа потоа посвети внимание на секоја од овие четири компоненти, заклучувајќи дека континуираната отпорност носи големи придобивки, а има помал трошок отколку реакционизмот кон поединечни напади.

Првиот работен ден на конференцијата беше заокружен со уште три панел дискусии, посветени на различни аспекти од развојот на сајбер безбедноста. Во панелите учествуваа претставници од академската заедница, бизнис секторот и јавните институции, кои што дискутираа за клучните компоненти што ги сочинуваат програмите за унапредување на дигиталната заштита, потоа за едукацијата на стручен персонал, како и за буџетирањето на инвестиции за сајбер заштита.

Утрешниот ден на конференцијата ќе стартува со презентацијата на Сенад Аруч, кој ќе понуди осврт на состојбата и политиките поврзани со сајбер безбедноста во регионот.

До крајот на денот ќе се одржат уште неколку презентации и дискусии во кои главниот збор ќе го имаат претставници на приватниот сектор, а ќе се фокусираат на претставување на апликативни системски решенија со кои ќе се унапреди кредибилитетот на сајбер-архитектурата на секоја една организација, преку автентикација и мониторинг на обидите за пристап до мрежа.

Целосната агенда од вториот ден на конференцијата може да се погледне ТУКА, а исто така ќе биде обезбеден и онлајн стриминг во живо кој може да се следи на следниот ЛИНК (webinar: 2392 025 4148 ; pass: 1611).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy